Почетоци и состојби на планинскиот туризам во Р.С. Македонија

Dimitrov, Nikola (2020) Почетоци и состојби на планинскиот туризам во Р.С. Македонија. In: Third scientific conference with internacional participation Geography, Regional development and Tourism, 27-29-12-2020, Shumen R. Bugarija.

[thumbnail of Никола В. Димитров (2020) Почетоци и состојби на планинскиот туризам во РС Македонија,Book of abstract,27-29.11.Shumen,2020.pdf]
Preview
Text
Никола В. Димитров (2020) Почетоци и состојби на планинскиот туризам во РС Македонија,Book of abstract,27-29.11.Shumen,2020.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Желбата за искачување на планините и откривање на нејзините тајни и убавини, луѓето ги привлекувала од секогаш. Р. С. Македонија изобилува со планини и ридови за реализација на разни активности на рекреација, пешачење, планинарење, трчање, возење велосипед, скијање и друго. Први регистрирани освојувања на високите планини во Р.С. Македонија датираат од 19 век, а првите планинарски друштва и домови ги регистрираме во третата деценија на 20 век. Значителен и организиран развој на планинарството и планинскиот туризам започнува од осумдесеттите година на 20 век. Периодот на општествената транзиција остави големи потреси во планинарството и планинскиот туризам. Македонскиот туризам скромно инвестира во развојот на планинскиот туризам. За унапредување на планинскиот туризам потребна е широка активност на компетентни институции.
Современиот начин на живот и работа предизвика радикални промени во организацијата на слободното време и одмор кај луѓето. Добар пример за квалитетен начин на живот е практикување активен одмор преку рекреација, планинарење и спорт. За реализација на тоа потребна е изработка на стратешки документи, разни студии и реализација на низа активности поддржани од државата.
Презентираниот труд врз основа на различни критериуми и можностите елаборира. неколку периоди во развојот на планинскиот туризам, ги класифицира планините, планинските домови и ски центри што нудат разни активности од аспект на унапредување на планинскиот туризам, спорт и рекреацијата во Р. С. Македонија.
Клучни зборови: Планини, туризам, планинарење, скијање, Р.С. Македонија

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Social Sciences > Other social sciences
Social Sciences > Social and economic geography
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Nikola Dimitrov
Date Deposited: 05 Feb 2021 09:22
Last Modified: 05 Feb 2021 09:22
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/27423

Actions (login required)

View Item View Item