Ортодонтско-протетски пристап во третманот на хиподонција

Atanasova, Sandra and Proseva, Ljubica (2020) Ортодонтско-протетски пристап во третманот на хиподонција. Knowledge - International Journal, Scientific Papers, 40 (5). pp. 875-880. ISSN 2545-4439

[thumbnail of KIJ, Vol. 40.5-1-15.pdf]
Preview
Text
KIJ, Vol. 40.5-1-15.pdf

Download (684kB) | Preview
[thumbnail of KIJ, Vol. 40.5-ORTHODONTIC-PROSTHETIC APPROACH IN THE TREATMENT OF HYPODONTIA.pdf]
Preview
Text
KIJ, Vol. 40.5-ORTHODONTIC-PROSTHETIC APPROACH IN THE TREATMENT OF HYPODONTIA.pdf

Download (560kB) | Preview

Abstract

Хиподонција претставува развојно нарушување каде што имаме отсуство на еден или повеќе заби.
Постојат повеќе термини кои се користат за дефинирање на отсуството на еден или повеќе заби, како што се хиподонција, олигодонција или анодонција.
Присуството на хиподонцијата во млечната дентиција нема значителна разлика во полот, меѓутоа кај
перманентните заби истата е повеќе застапена кај женскиот пол.
Етиологијата за ова развојно нарушување може да биде наследна, меѓутоа постои и комбинација на разни
бројни генетски и еколошки фактори кои влијаат во настанување на истата. Хиподонција може да се појави
и без наследна етиологија, исто така можна е појавата да биде самостојна, во комбинација со одредени
синдроми, како и при состојби на расцепи на усни и непце.
Најчесто е присутна кај максиларни латерални инцизиви , мандибуларни втори премолари како и третите
молари во обете вилици.
Таа може да се класифицира во следните три групи во однос на бројот на заби што недостасуваат: блага
хиподонција: 1-2 заби што недостасуваат, умерена хиподонција : 3-5 заби кои недостасуваат и тешка
хиподонција: 6 или повеќе заби што недостасуваат.
Клинички манифестации кои се поврзани со присуство на хиподонција се поделени во две големи групи и
тоа дентални карактеристики како и краниофацијални карактеристики.
Постојат повеќе опции за третман на хиподонција кои зависат од степенот на присутната хиподонција.
Планирањето на третманот зависи од повеќе фактор и тоа : орално здравје и мотивираност на пациентот,
возраст на пациентот, позиција и состојба на присутните заби во устата на пациентот, скелетни и
мекоткивни промени на профилот како и анатомските карактеристики во максила и мандибула.
Генерално во сите случаи на присутна хиподонција постојат три опции на третман: прифаќање на
присутната ситуација без преземање на било каква интервенција, ортодонтски третман, протететски третман
како и оралнохируршки интервенции со поставување на дентални импланти. Опциите на третман ќе зависат
од сериозноста на случајот. Мериленд мостовите како една од опциите за третирање на хиподонција може
да се користи како избор при третман на случаи со лесна хиподонција, но исто така кај овие пациенти
можеме да пристапиме со ортодонтски третман, со затворање на просторот со фиксни апарати.
Во зависност од степенот на изразеност на хиподонцијата, од особена важност е да се постави точна
дијагноза, како и да се постави ефикасен план на третман во соодветна координација помеѓу ортодонтот,
протетичар, орален хирург како и детски стоматолог.

Item Type: Article
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Sandra Atanasova
Date Deposited: 02 Feb 2021 08:41
Last Modified: 02 Feb 2021 08:41
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/27422

Actions (login required)

View Item View Item