Формално-правните причини поради кои т.н. „Закон за употреба на јазиците“ не е закон (case study)

Apasiev, Dimitar (2020) Формално-правните причини поради кои т.н. „Закон за употреба на јазиците“ не е закон (case study). Годишен зборник на Правен факултет, 10 (10). pp. 15-22. ISSN 1857-8713

[thumbnail of 93. Apasiev - t.n. Zakon za jazici (2020).pdf]
Preview
Text
93. Apasiev - t.n. Zakon za jazici (2020).pdf

Download (2MB) | Preview

Abstract

Трудов што е пред вас произлезе од серијата јавни настапи и стручни написи на авторот, пласирани низ пишаните и електронски медиуми и портали, а кои беа посветени на
акцентирањето на неотстранливите правни пречки со кои се соочува октроираниот т.н. „Закон за употреба на јазиците“ (2019). Впрочем, авторот на текстов е и еден од подносителите на иницијативата пред Уставниот суд на РМ за поништување на овој противУставен и политички наметнат правен акт, кој по ниту еден принцип на јавното право не може да произведе правно дејство.
Во овој труд ќе се задржиме само на јуристичка аргументација на формално-правните причини поради кои овој контроверзен т.н.. „закон“, донесен од страна на Собранието на РМ,
а илегално објавен во Службен весник на РМ без неопходниот претседателски потпис, не може да произведе никакво правно дејство, поради директна спротивност на процедурата во која е донесен со неколку важечки членови од Уставот на Република Македонија (1991) и неговите амандмани, потоа од Законот за Собранието на РМ (2009), Законот за објавување на законите и
другите прописи во Службен весник на РМ (1999), како и од Деловникот на Собранието на РМ (2008). Материјално-правните причини за неговата неуставност ќе ги разгледаме во некоја следна прилика.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Dimitar Apasiev
Date Deposited: 01 Feb 2021 11:15
Last Modified: 01 Feb 2021 11:15
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/27417

Actions (login required)

View Item View Item