Rogleva, Aleksandra (2017) Родосквернавењето како облик на сексуално насилство врз деца - општествена и казнено - правна реакција. Proceedings of the Fourth International Scientific Conference 'Social changes in the global world'. ISSN 978-608-244-423-9
Preview |
Text
Труд - Родосквернавењето како облик на насилство врз деца.pdf Download (515kB) | Preview |
Abstract
Во услови на постојано менување на динамиката на општествените
процеси и континуирана прогресија на криминалните поведенија,
сексуалната злоупотреба на деца се наметнува како проблем кој
според својата содржина и феноменолошка природа е една од
најтешките манифестни форми на насилство врз децата и
злоупотреба на нивниот биолошки и општествен статус. Доколку
градуирањето на различните форми сексуално насилство се врши
според степенот на повреда на објектот на заштита, тогаш без
сомнение родосквернавењето може да се стави на врвот на оваа
листа како еден од најсериозните облици на злоупотреба на деца за
сексуални цели. Ваквата перцепција е сосема оправдана бидејќи
станува збор за злоупотреба која потекнува од средината во која
според природниот тек на работите детето треба да ужива најголема
заштита и сигурност. Токму поради тоа злоупотребата за сексуални
цели во рамки на семејството се смета за едно од најсериозните
трауматски искуства што детето може да ги преживее.
Тргнувајќи од погоре наведеното, во трудот е даден преглед
на поранешните и актуелните состојби кои се однесуваат на овој
феномен во домашниот и компаративните правни системи, како и
востановените законски решенија и нивната имплементација во
пракса. Имајќи ги предвид сите аспекти на проблемот, посебно е
загатнато прашањето за реакцијата на општествената заедница во
насока на оптимизирање на напорите за превенција, заштита и
психосоцијална интеграција на децата - жртви на насилство од
ваков вид. Истовремено нотирани се идните предизвици и
перспективи во оваа област.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Law |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Aleksandra Rogleva |
Date Deposited: | 01 Feb 2021 11:14 |
Last Modified: | 01 Feb 2021 11:14 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/27415 |
Actions (login required)
View Item |