Зајакнување на капацитетите на казнено - поправните установи преку образованието, обуката и стручното усовршување како облици на третман на осудените лица кои издржуваат казна затвор

Rogleva, Aleksandra (2015) Зајакнување на капацитетите на казнено - поправните установи преку образованието, обуката и стручното усовршување како облици на третман на осудените лица кои издржуваат казна затвор. Зборник на трудови „Состојби, предизвици и перспективи во воспитанието и образованието во Република Македонија“. ISSN 978-608-242-021-9

[thumbnail of Труд - Зајакнување на капацитетите на КПУ преку образование на затворениците.pdf]
Preview
Text
Труд - Зајакнување на капацитетите на КПУ преку образование на затворениците.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Како резултат на потребата од континуирана општествена реакција на криминалитетот и
антисоцијалното однесување, еден од основните предизвици на современата пенолошка мисла во секое
демократско општество се токму облиците на третман на осудените лица кои се наоѓаат на издржување
на казна затвор. Компаративните сознанија и искуства, како и бројните анализи на состојбите во Р.
Македонија укажуваат на загрижувачко висока стапка на рецидивизам кај осудените лица во казнено-
208
поправните уставнови, што оправдано го актуелизира прашањето за ефикасноста на востановениот
пенитенцијарен систем. Тргнувајќи од идејата за ресоцијализација и ресторативна правда како водечка цел
на казнувањето, во трудот е даден посебен осврт на образованието, обуките и стручното усовршување на
лицата лишени од слобода, како посебни облици на институционален третман во казнено-поправните
установи. Анализирани се и досегашните искуства во праксата кои покажуваат дека во домашниот
казнено-правен систем, на денешниот степен на достигнувања сѐ уште отсуствува организирање и
спроведување на адекватни образовани програми и методи на обучување и доусовршување на осудените
лица. Притоа, како особено важно се наметнува прашањето за задолжителноста на основното и
срeдното образование без исклучок, а од друга страна се анализира колку ваквата законска обврска се
имплементира во затворскиот систем кога станува збор за малолетни строрители на кривични
дела!?Нотирани се констатираните слабости и досегашните достигнувања во оваа област, како и идните
состојби и предизвици за унапредување на правната и институционална уреденост на проблемот, со цел
адекватно имплементирање на системот на образование на сите нивоа на општественото живеење.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Aleksandra Rogleva
Date Deposited: 01 Feb 2021 11:13
Last Modified: 01 Feb 2021 11:13
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/27413

Actions (login required)

View Item View Item