Поим и казнено - правна уреденост на сексуалната експлоатација на деца во домашниот правен систем

Doneva, Nada and Rogleva, Aleksandra (2016) Поим и казнено - правна уреденост на сексуалната експлоатација на деца во домашниот правен систем. Student's Social Science Journal.

[thumbnail of Труд - Сексуална експлоатација на деца.pdf]
Preview
Text
Труд - Сексуална експлоатација на деца.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Секојдневно безбедноста и благосостојбата на многу деца
во светот се загрозени од различни облици на злоупотреба и запоставување.
Сексуалната експлоатација е една од најтешките манифестни форми
на злоставување на децата, која остава тешки и долгорочни последици
по нивниот раст и понатамошен развој. Злоупотребата од ваков вид се
случува глобално и особено загрижувачки е фактот дека поголемиот
дел од случаите на виктимизација остануваат непознати за јавноста и
институциите на системот надлежни за заштита на детските права. Без
оглед на состојбата која не е охрабрувачка, секојдневната прогресија
на општествените движења, проследена со континуиран техничкотехнолошки напредок во секоја пора од човековото живеење, во континуитет
наметнува обврска за справување со феноменот сексуална експлоатација
и облиците на сексуално злоупотребување на децата, како последица
на неконтролираниот и нерегулиран пристап до комерцијализираните
содржини и сериозна закана за општеството во целина. Ваквите состојби
бараат континуирано изнаоѓање на нови превентивни мерки и механизми
за надминување на проблемот. Заради спречување, намалување и заштита
на децата од оваа злоупотреба потребна е повеќекратна и диференцирана
општествена реакција во насока на креирање правна рамка соодветна на
неопходноста од превенција, заштита, санкционирање, рехабилитација
и придонес во однос на добросостојбата на децата без дискриминација.
Доследната имплеметација на законските одредби, од друга страна,
подразбира постоење на разработен систем од заштитни интервенции, кој
пред сѐ ќе опфаќа различни нивоа на превенција, а потоа и механизми
за откривање, односно препознавање на злоставувањето, испитување
на случаите, обезбедување на непосредна правна, здравствена, социопсихолошка заштита и рехабилитација на злоупотребените деца, но и
соодветно казнување на сторителите.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Aleksandra Rogleva
Date Deposited: 01 Feb 2021 11:13
Last Modified: 01 Feb 2021 11:13
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/27412

Actions (login required)

View Item View Item