Rogleva, Aleksandra and Doneva, Nada (2014) Развојот на современите комуникациски технологии и нивното влијание на проблемот на сексуална злоупотреба на деца. Влијанието на научно-технолошкиот развиток во областа на правото, економијата, културата, образованието и безбедноста во Република Македонија. ISSN 978-608-4714-11-8
This is the latest version of this item.
Preview |
Text
[EUBA2014] Angelovska - Doneva.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Сексуалната злоупотреба на деца, дефинирана како облик на абнормално
сексуално однесување на возрасен што се состои во злоупотреба на деца во претпубертетска
возраст заради задоволување на полови страсти и потреби, претставува исклучително
деструктивна социо - патолошка и криминогена појава која во многу манифестни форми ги
загрозува елементарните човекови права. Станува збор за комплексна проблематика, чие целосно
разјаснување претпоставува одговор на голем број меѓусебно поврзани прашања и темелна анализа
на постојната состојба, која не е ни малку охрабрувачка. Ова особено ако се земе предвид фактот,
дека во последните неколку години сексуалното злоставување и експлоатација на деца се наметна
како исклучително сериозна општествена опасност, а обидите на општеството да ја заузда, не ги
надминаа границите на просечноста. Во поново време, проблемот добива на значење со
забележливиот напредок на современите информатички и комуникациски технологии кои во голема
мера се наметнаа како криминоген фактор во сексуалната злоупотреба на деца и придонесоа за
продуцирање на нови облици на сексуален криминалитет на штета на децата. Масовното
вклучување на децата во електронските комуникации, покрај позитивните страни, продуцира и
потенцијален ризик да станат жртви на компјутерска детска порнографија, а истовремено е
сериозен индикатор за нивно вклучување во други облици на сексуална злоупотреба и експлоатација.
Цел на ова научно истражување е утврдување на влијанието на информатичките технологии
врз конкретната состојба на сексуален криминалитет на штета на децата, како и истакнување на
потребата од темелно и недвосмислено креирање на правната рамка за заштита на децата од
различни облици на сексуална злоупотреба и продуцирање на детска порнографија, засилена грижа
за создавање на побезбедна интернет средина за најмладите и создавање на институционална
мрежа која ќе обезбеди соодветен пристап во решавањето на проблемот. При истражувањето,
користени се: методот на анализа, социолошкиот метод, case - study методот, компаративниот и
дијалектичкиот метод.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Law |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Aleksandra Rogleva |
Date Deposited: | 01 Feb 2021 09:16 |
Last Modified: | 01 Feb 2021 09:16 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/27397 |
Available Versions of this Item
-
Развојот на современите комуникациски технологии и нивното влијание на проблемот на сексуална злоупотреба на деца. (deposited 29 Jan 2021 09:53)
- Развојот на современите комуникациски технологии и нивното влијание на проблемот на сексуална злоупотреба на деца. (deposited 01 Feb 2021 09:16) [Currently Displayed]
Actions (login required)
View Item |