Rogleva, Aleksandra (2020) Спречување на корупција во јавните набавки во домашниот правен систем. Proceedings of the Seventh International Scientific Conference 'Social changes in the global world'. ISSN 978-608-244-778-0
Preview |
Text
Спречување на корупција во ЈН.pdf Download (4MB) | Preview |
Abstract
Корупцијата во јавниот сектор како облик на злоупотреба на законските овластувања на поединци, е несомнено една од најсериозните општествени малформации што ги поткопува темелите на националните економии, ја нарушува социјалната сигурност и како резултат на тоа значително ја намалува довербата на граѓаните во стабилноста на системот. Ниту едно современо државно уредување, независно од тоа колку е моќно, финансиски стабилно и демократски ориентирано, не е имуно на феноменот на корупцијата. Сепак, ова особено доаѓа до израз во земјите во транзиција (во кои е и Р. Северна Македонија) кои сѐ уште поминуваат низ процесот на креирање и унапредување на пазарната економија и втемелување на концептот на владеење на правото што треба да придонесе за поголема контрола и соодветно казнување на овие противправни поведенија на штета на државниот буџет. Јавните набавки како инструмент со кој институциите на централната и локалната власт купуваат производи, услуги или работи, според својата природа се едни од најсериозните (квантитативно и квалитативно) финансиски интеракции во јавниот сектор и поради тоа неминовно се проследени со најразлични облици на коруптивни поведенија. Во услови на широко распространета корупција во јавните набавки, сосема природно се наметнува прашањето како да се обезбеди рационално, наменско и транспаретно трошење на државните пари, што впрочем е и основната цел на Законот за јавните набавки. Следствено, основната идеја на трудот е да ги проследи најчестите противзаконити поведенија кои го зголемуваат ризикот од злоупотреба на јавните финансии, институционалната рамка за контрола во јавните набавки и актуелната регулатива и политики за идентификување на разните форми на корупција во домашниот правен систем заради нивно соодветно санкционирање.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Law |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Aleksandra Rogleva |
Date Deposited: | 01 Feb 2021 09:15 |
Last Modified: | 01 Feb 2021 09:15 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/27393 |
Actions (login required)
View Item |