Улогата на системот на социјална заштита во постапување со деца - жртви на сексуална злоупотреба

Rogleva, Aleksandra and Ivanova, Elena (2020) Улогата на системот на социјална заштита во постапување со деца - жртви на сексуална злоупотреба. Зборник на трудови, Седма меѓународна конференција „Општествените промени во глобалниот свет“. ISSN 978-608-244-267-9

Warning
There is a more recent version of this item available.
[thumbnail of Спречување на корупција во ЈН.pdf]
Preview
Text
Спречување на корупција во ЈН.pdf

Download (4MB) | Preview

Abstract

Системот на социјална заштита е динамична категорија која веќе подолг
временски период во континуитет трпи промени со цел прилагодување на новиот
општествен контекст и актуелните проблеми кои ги наметнува современото живеење.
Брзата индустријализација, сиромаштијата и ограничениот пристап до социјалните
услуги понекогаш ги лишува семејството и примарната мрежа на социјална заштита, од
можноста да обезбедат квалитетна и навремена грижа кога станува збор за потребите
на своите членови, a особено за децата. Токму поради тоа, центрите за социјална работа
како старателски органи и основни служби за социјална заштита во локалната заедница,
се најповикани да обезбедат помош и поддршка на деца на кои им е загрозен развојот
како резултат на различни облици на злоупотреба, но и да преземаат превентивни
активности со цел да се спречи настанување на виктимизација.
Оттука, основната идеја на трудот е да се направи детален преглед на овластувањата
кои ги имаат центрите за социјална работа при постапување со деца - жртви на
сексуално насилство и експлоатација и да се утврди каква е нивната улога и значење
во остварување на концептот на детска благосостојба. Во оваа насока, подеднакво
ќе бидат разгледани оние овластувања кои според својата содржина може да спречат
настанување на кривични дела од ваков вид како би се овозможило рано откривање и
третман на детето изложено на ризик од злоупотреба, како и интервентните мерки што
центрите се овластени да ги преземаат со цел да обезбедат сеопфатност и континуитет
во сите фази на заштита на децата од виктимизација.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Aleksandra Rogleva
Date Deposited: 01 Feb 2021 09:14
Last Modified: 01 Feb 2021 09:14
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/27390

Available Versions of this Item

Actions (login required)

View Item View Item