Виртуелна закана или реална опасност-сајбер тероризмот низ призмата на најекспонираните case studies

Doneva, Natasa (2019) Виртуелна закана или реална опасност-сајбер тероризмот низ призмата на најекспонираните case studies. 6th International Scientific Conference "Social Changes in the Global World".

This is the latest version of this item.

[thumbnail of Наташа Донева.pdf]
Preview
Text
Наташа Донева.pdf

Download (366kB) | Preview

Abstract

Mистеријата наречена сајбер тероризам и те како е интересна за следење со оглед на фактот дека е динамична, постојано се модифицира, се менуваат појавните облици, се менува modus operandi, се продира во сфери и области кои се од круцијално значење за опстанокот на самите држави... Се злоупотребува информатичкиот изум за започнување на нови бескрупулозни војни, за ширење ксенофобични пораки, за крадење парични средстава, за крадење на берзанските тајни, за инсајдерски информации.... Речиси и да нема крај на енормната листа на полиња на продор, проблеми кои не се започнати токму со овој вид модерен криминал. Потребата од негово сузбивање и те како е алармантна и бара меѓународна соработка и помош, за резултати кои иако нема да бидат утопистички, барем ќе се задоволителни. Чудно но материјата за сајбер криминалот и тероризмот иако присутна во сите држави, сепак различно е регулирана. Што значи различни држави имаат различен систем на регулирање и справување со оваа материја, но и различни законски инкриминаации. Затоа се донесени плејада на меѓународни документи преку кои светот се обидува да се заштити од сајбер криминалот и сајбер тероризмот. Но дали нивната имплементација на државно ниво е толку успешна колку што се очекува. Дали постои документ со интернационална сила и глобално значење, на кој сите држави би му се “покориле” за да се заштитат од дигиталниот тероризам? Овој труд ќе ги спомене најекспонираните сајбер напади, анализирајќи ги преку case studies, но неминовно мора да ја отвориме темата за (не)постоењето на адекватна законска регулатива која сеопфатно ќе ја инкриминира новата глобална виртуелна проблематика. Дали е потребна Дигитална Женевска Конвенција, и што всушност би претставувала истата?

Клучни зборови: меѓународен криминал, законски инкриминации, хакери, сајбер напади, ...

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Natasa Doneva
Date Deposited: 31 Jan 2021 18:51
Last Modified: 31 Jan 2021 18:51
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/27377

Available Versions of this Item

Actions (login required)

View Item View Item