Doneva, Natasa and Buraliev, Ivan (2019) Истанбулска конвенција-сеопфатна регулатива или уште едно парче хартија во низа. 6th International Scientific Conference "Social Changes in the Global World".
This is the latest version of this item.
Preview |
Text
Наташа Донева Иван Буралиев.pdf Download (416kB) | Preview |
Abstract
Човековите права –синоним за еднаквост, недискриминација, рамноправност...по defolt меѓудругото иницира нормална еднаквост помеѓу мажите и жените. Умешно осмислено теоретски, катастрофално применето практично...Вака може да се започне приказната која нема почеток, а за жал во догледно време нема ни крај, крај не само на нееднаквото валоризирање на женскиот труд на еднакво ниво со машкиот, туку пострашно сценарио за жените жртва на насилство. Енормен е бројот на меѓународните документи кои се обидуваат да се справат со овој глобален проблем, да ги анулираат или редуцираат штетните последици кои и те како ги трпи женскиот род... Но илузорноста е во фактот што, колку е поголем бројот на механизми за борба и заштита на жените од секаков вид на насилство, насилството над истите се зголемува рапидно. Па се наметнуваат низа прашања, зошто е тоа така, каде затајуваат надлежните институции, колку е (не)успешна законската регулатива, какво е влијанието на непишаното право, дали се потребни нови инкриминации....? Долга низа прашања на кои нема соодветни одговори...се додека не се појави Истанбулската Конвенција? Дали ова ново парче хартија со меѓународен предзнак нешто ќе промени? Што и како е регулирано со истото? Какви мерки се имплементираа во другите држави под влијание на оваа конвенција? И Македонија не остана имуна на новиот меѓународен предизвик, да се обиде со ратификација да промени нешто во националното законодавство. Но што како држава имаме преземено, каква заштита може да се обезбеди за жртвите од насилството, дали се направени корекции низ призмата на правото?
Клучни зборови: конвенции, насилство, еднаквост, недискриминација, права...
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Law |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Natasa Doneva |
Date Deposited: | 31 Jan 2021 18:50 |
Last Modified: | 31 Jan 2021 18:50 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/27376 |
Available Versions of this Item
-
Истанбулска конвенција-сеопфатна регулатива или уште едно парче хартија во низа. (deposited 25 Sep 2019 09:25)
- Истанбулска конвенција-сеопфатна регулатива или уште едно парче хартија во низа. (deposited 31 Jan 2021 18:50) [Currently Displayed]
Actions (login required)
View Item |