Тераписки пристап на caries profunda

Longurova, Natasa and Zlatanovska, Katerina and Naskova, Sanja (2020) Тераписки пристап на caries profunda. Knowledge - International Journal, Scientific and Applicative Papers. ISSN 2545-4439 (In Press)

[thumbnail of Knowledge Vol.43.4.pdf]
Preview
Text
Knowledge Vol.43.4.pdf

Download (523kB) | Preview
[thumbnail of KIJ, Vol. 43.4.pdf]
Preview
Text
KIJ, Vol. 43.4.pdf

Download (387kB) | Preview

Abstract

Длабокиот кариес претставува заболување на тврдите забни ткива кое се карактеризира со голем губиток на ткиво и деструкција на коронката, со можност за експонирање на пулпата. Настанува како резултат на прогредирање на процесот на деминерализација. Етиологијата на длабокиот кариес се поврзува со не саниран среден кариес, не санирани акутни лезии, секундарен кариес , рецидивирачки кариес под реставрации, резидуален кариес. Кариесот претставува едно од најчестите заболувања на тврдите забни ткива во денешницата, чија што преваленца и покрај современите стандарди на терапија и превентивни мерки се уште расте. Кариесот по дефиниција претставува мултифакторијално, мултикаузално заболување кое ги зафаќа тврдите забни ткива, односно кое доведува до деструкција и деминерализација на органскиот и неорганскиот дел на забот и формирање на кавитет. Како што деминерализацијата напреднува од емајлот во дентинот доаѓа до формирање на многу длабоки кавитети се до пулпата ,кои доколку не се санираат на време доведуваат до формирање на длабок кариес и загрозување на пулпата. Длабокиот кариес се карактеризира со голема загуба на тврдо забно ткиво и може да доведе до отварање на пулпната комора. Во зависност од тоа дали при отстранувањето на кариозно променетитот дентин, останува тенок но сепак здрав слој на дентинот меѓу пулпата и кавитетот или пак доаѓа до отварање на пулпата , разликуваме едноставен и комплициран длабок кариес. Денес постојат многу различни материјали , кои во согласност со индикациите ни овозможуваат различен третман и пристап кон длабоките кариозни лезии. Како најчесто употребувани методи во секојдневната пракса се користат индиректното прекривање и директното прекривање на пулпата.Терапевтските постапки на длабокиот кариес пред се се во корелација со длабочината на кариесот и зачувувањето на виталитетот на пулпата. Денес за таа цел се користат различни методи, техники и средства со кои се зачувува виталитетот на пулпата.Во нашето истражување според литературата ќе ги разгледаме терапевтските постапки на длабокиот кариес во однос на минимално инванзивните техники кои се претставени во три концепти и тоа : а) прекривање на кариесот ;б)Парцијално- селективно отстранување на кариесот( размекнатитот кариес врз пулпата не се отстранува) овде се опфатени следниве техники :Отстранување на кариесот чекор по чекор со хемиски средства,Индиректно прекривање-но со директна реставрација односно во една сеанса;в) Целосно отстранување на размекантото ткиво со тоа што доколку се експонира пулпата имаме три техники на избор : Директно прекривање на пулпата,Пулпотомија и Пулпектомија.
Клучни зборови : директно прекривање на пулпата, индиректно прекривање на пулпата, конзервативен пристап, модерен пристап, материјали за прекривање, терапевтски пристап, Caries profunda.

Item Type: Article
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Natasa Longurova
Date Deposited: 31 Jan 2021 18:13
Last Modified: 31 Jan 2021 18:13
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/27354

Actions (login required)

View Item View Item