Основни слабости на правно - институционалната рамка за заштита на децата од сексуална виктимизација во Р. Северна Македонија

Rogleva, Aleksandra (2020) Основни слабости на правно - институционалната рамка за заштита на децата од сексуална виктимизација во Р. Северна Македонија. Македонска ревија за казнено право и криминологија на Македонија. ISSN 1409-5327

[thumbnail of Труд - Ревија за кривично право.pdf]
Preview
Text
Труд - Ревија за кривично право.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Виктимизацијата на деца за сексуални цели, како впрочем и многу други
криминални поведенија, претставува исклучително сложена и динамична појава што
релативно брзо се приспособува на општествените движења и промени, па поради тоа
речиси е невозможно да се регулира онолку колку што е потребно за да се гарантира
целосно стабилноста на општествената организација. Станува збор за актуелна,
комплексна проблематика чие целосно разјаснување претпоставува одговор на голем
број меѓусебно поврзани прашања и темелна анализа на постојната состојба што не е
ниту малку охрабрувачка.
Имајќи го предвид горенаведеното, основната идеја на трудот е преку анализа
на актуелните законски решенија во домашниот правен систем и достапните
институционални капацитети, стратегии и механизми да се утврди каква е
моменталната состојба во однос на справувањето со проблемот и да се
констатираат очигледните пропусти и недоследности преку евалуација на
досегашните достигнувања насочени кон создавање претпоставки за спречување
сексуални девијации во кои жртви се децата, но и кон обезбедување третман и
рехабилитација на оние деца што веќе преживеале ваков облик на виктимизација.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Aleksandra Rogleva
Date Deposited: 29 Jan 2021 11:20
Last Modified: 29 Jan 2021 11:20
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/27352

Actions (login required)

View Item View Item