Влијание на вежбовната активност за преживување во природа врз параметрите кои го дефинираат липидниот статус

Ruskovska, Tatjana and Eftimov, Orce and Apostolova, Irena (2010) Влијание на вежбовната активност за преживување во природа врз параметрите кои го дефинираат липидниот статус. In: X Семинар за квалитет контрола информатика и заштита во медицинска лабораториска дијагностика, 17 - 20 June 2010, Ohrid, Macedonia.

[thumbnail of 10-ти Семинар.pdf]
Preview
Text
10-ти Семинар.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Вовед. Дислипидемијата претставува еден од најзначајните фактори на ризик за појава и напредување на атеросклерозата. Денеска постојат современи концепти за борба против ова заболување кои во прв ред вклучуваат доследна примена на терапевтските мерки за промена на стилот на живеење (начин на исхрана и физичка активност) и, доколку е неопходно, терапија со статини.
Цел на трудот. Целта на оваа студија е да се одреди влијанието на 10-дневната вежбовна активност за преживување во природа врз четирите основни параметри кои го дефинираат липидниот статус (вкупен холестерол, триглицериди, HDL-холестерол и LDL-холестерол) и да се изврши споредба на добиените резултати со вредностите кои се добиени за пациенти со дислипидемија по 6-неделен третман со ловастатин.
Пациенти и методи. Во студијата се опфатени 12 здрави испитаници од машки пол кои се ангажирани во планска вежбовна активност за прежививање во природа според стандарден протокол, како и 12 мажи со примарна дислипидемија кај кои е индицирана терапија со статин.
Концентрацијата на вкупен холестерол и триглицериди е одредена со стандардни методи на автоматскиот биохемиски анализатор Olympus. На истиот анализатор со директна метода е одредена и концентрацијата на HDL-холестерол. LDL-холестеролот е одреден со Friedewald-ова формула. За сите пациенти и испитаници е пресметан и ризик-факторот: вкупен холестерол / HDL-холестерол.
Резултати. 10-дневната вежбовна активност за преживување во природа предизвика статистички сигнификантна промена на испитуваните параметри и тоа: намалување на концентрацијата на вкупниот холестерол (4,8±0,9:4,0±0,6mmol/L; p<0,01), намалување на концентрацијата на HDL-холестеролот (1,22±0,26:1,11±0,23mmol/L; p<0,01) и само умерено намалување на ризик-факторот, за 10% (4,0±0,8:3,6±0,6; p<0,025). Опаѓање на серумските концентрации беше регистрирано и кај триглицеридите и LDL-холестеролот.
6-неделната терапија со ловастатин ги предизвика следните промени: намалување на концентрацијата на вкупниот холестерол (7,7±1,8:6,1±1,6mmol/L; p<0,001), зголемување на концентрацијата на HDL-холестеролот (0,86±0,29:0,99±0,24mmol/L; p<0,01) и значително намалување на ризик-факторот, за 35% (9,6±3,1:6,2±1,1, p<0,001). И кај оваа група беше регистрирано опаѓање на серумските концентрации на триглицеридите и LDL-холестеролот.
Заклучок. Концентрацијата на холестерол во заштитната HDL фракција сигнификантно опаѓа во услови на краткотрајно екстремно редуцирана исхрана. Овие резултати се во прилог на фаворизирање на концептот за рационална исхрана комбинирана со умерена физичка активност за постигнивање на целните вредности на параметрите кои го дефинираат липидниот статус. Употребата на статини е неопходна кога за тоа постои индикација.

Item Type: Conference or Workshop Item (Lecture)
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Tatjana Ruskovska
Date Deposited: 02 Dec 2012 09:38
Last Modified: 02 Dec 2012 09:38
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/2735

Actions (login required)

View Item View Item