Влијанието на медиумите врз правата на децата во современото општество со посебен осврт на состојбата во Република Северна Македонија

Rogleva, Aleksandra (2020) Влијанието на медиумите врз правата на децата во современото општество со посебен осврт на состојбата во Република Северна Македонија. Правен Фокус (Focus Iuris) - прво издание. ISSN 2671-3667

[thumbnail of MYLA-Spisanie Praven Fokus.pdf]
Preview
Text
MYLA-Spisanie Praven Fokus.pdf

Download (3MB) | Preview

Abstract

Во услови на масовна дигитализација и сеприсутно влијание на технологијата во човековото живеење, медиумските и комуникациските платформи неминовно стануваат составен дел од секојдневието на најмладата популација во општеството. Анализата на прашањето за влијанието на медиумите врз децата во современото општество, станува своевиден предизвик, ако се земе предвид дека тие имаат посебно место во нивниот живот, а во поново време и особено влијание во стекнувањето на социјални вештини, знаења и поведенија. Консумирањето на содржини кои се пласираат во медиумскиот простор, несомнено има предности и на некој начин станува нужност во современото живеење, но предизвикува и бројни негативни ефекти кои се повод за креирање на заштити политики за зачувување и унапредување на детската благосостојба. Дополнително, влијанието на медиумите врз детската популација и правата кои тие ги уживаат, во голема мера се манифестира и во начинот и моделите кои се користат кога се известува за деца или кога се пласираат вести во кои тие се засегната страна. Оттука, основната идеја на статијата е да се прикаже улогата на медиумите првенствено како позитивен промотор на детските права, особено слободата на изразување и правото да им се слушне гласот за прашања кои ги засегаат, но и правото на децата да бидат информирани и да имаат пристап до квалитетни содржини кои придонесуваат кон унапредување на нивниот личен раст и развој. Од друга страна, уште позначајно е да се анализираат оние практики и содржини во медиумскиот простор што според својата природа се сметаат за негативни и штетни за малолетните лица и воедно, претставуваат грубо кршење на нивните слободи и права. Напорите за регулирање и ограничување на состојбите кои произлегуваат од изложеноста на децата во медиумскиот простор, покренуваат низа поврзани прашања кои се вредни за анализирање, како што се посебните законски мерки за заштита на децата од штетното влијание на медиумите, професионалните новинарски практики и вештини за промовирање и заштита на детските права, заштитните политики кои ги применуваат медиумите и други аспекти на регулирање на аудиовизуелните медиумски услуги со цел остварување на концептот на детска благосостојба. Сето погоре наведено треба да даде одговор на прашањето зошто во едно демократски ориентирано општество се особено важни добрата информираност, разбирањето на правата на детето, нивното почитување и доследно имплементирање во секојдневното работење на медиумите како најмоќни и највлијателни креатори на јавното мислење во поновата историја.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Aleksandra Rogleva
Date Deposited: 29 Jan 2021 11:18
Last Modified: 29 Jan 2021 11:18
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/27347

Actions (login required)

View Item View Item