Членот 50 од Договорот за Европската унија vis-a-vis Судот на правдата на Европската унија

Josifovic, Ivica and Kambovski, Igor (2020) Членот 50 од Договорот за Европската унија vis-a-vis Судот на правдата на Европската унија. Општествените промени во глобалниот свет, 7. pp. 215-229. ISSN 978-608-244-353-9

[thumbnail of Zbornik_Pravo_Politika_Finalen (1).pdf]
Preview
Text
Zbornik_Pravo_Politika_Finalen (1).pdf

Download (4MB) | Preview

Abstract

Апстракт
Врз основа на резултатите од референдумот во јуни 2016 година за прашањето за повлекување на Велика Британија од ЕУ, на 29 март 2017 година Велика Британија го активираше членот 50 од Договорот за ЕУ (ДЕУ), со што започна двогодишниот процес во кои ЕУ и Велика Британија ги утврдија условите за повлекување на Велика Британија од Унијата. На 14 ноември 2018 година, како резултат на преговорите, бил одобрен договор меѓу државите-членки на ЕУ и Велика Британија за повлекување на Велика Британија од ЕУ, но процесот што требаше да заврши на 29 март 2019 година беше преместен за 31 октомври 2019 година, поради неуспех во неговата ратификација во парламентот на Велика Британија. Велика Британија конечно ја напушти ЕУ на 31
јануари 2020 година.
Во меѓувреме и истовремено со преговорите и постапката за повлекување, во позадина се водела друга постапка и таа е клучна за овој труд. Трудот ја образложува прелиминарната постапка за одлучување согласно член 267 од Договорот за
функционирање на Европската унија (ДФЕУ) во случајот Вајтман и можноста за отповикување на нотификацијата за истапување од ЕУ според член 50 од ДЕУ. Затоа, покрај фактите од случајот што ја предизвикале прелиминарната постапка за одлучување пред Судот на правдата на Европската унија (СПЕУ), трудот го образложува значењето
на прашањето упатено до Судот, за кое Генералниот адвокат го дал своето мислење и Судот доставил пресуда.
Клучни зборови: Вајтман, Суд на правдата, член 50, пресуда

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Ivica Josifovik
Date Deposited: 29 Jan 2021 09:53
Last Modified: 29 Jan 2021 09:53
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/27346

Actions (login required)

View Item View Item