Josifovic, Ivica (2020) Правда и внатрешни работи на Европската унија. Универзитет Гоце Делчев - Штип. ISBN 978-608-244-764-3
Preview |
Text
Книга ПВР.pdf Download (4MB) | Preview |
Abstract
Учебникот што се наоѓа пред Вас, за предмет ја има Областа на правдата и внатрешните работи според Договорот од Лисабон и начинот на кој Европската унија дејствува во оваа област и е наменет за студентите и читателите кои се занимаваат, како во теоретска, така и во практична смисла, со прашањата од Областа на правдата и внатрешните работи во рамки на Европската унија.
Целта е студентите и пошироката јавност да се стекнат со вистинско познавање на историскиот, институционалниот, нормативниот и тематскиот развој на политиките на Европската унија во областите на правда, внатрешни работи и безбедност, вградени во поширок меѓународен контекст.
Пред пристапувањето кон актуелната политичка димензија, учебникот се осврнува на историските напомени и приказ на институционалните структури заедно со нивното функционирање, за потоа да се посвети на суштинските области согласно Договорот од Лисабон. Фокусот е даден на политичките области на гранична контрола и визи, имиграција и азил, правосудната соработка во граѓанската и кривична материја, како и полициската соработка, во согласност со Договорот од Лисабон кој ја укина поставеноста на столбови и притоа предвиде многу измени, како на институционално ниво, така и во рамки на легислативата. На крајот, посебно внимание е дадено на потребата од заштита на човековите права во рамки на Европската унија.
Им благодарам на рецензентите, Академик проф. д-р Владо Камбовски и Проф. д-р Никола Тупанчески, кои го разгледаа трудот и ми дадоа бројни предлози, размислувања и непроценливи информации, сè со цел подобрување на текстот и отстранување на недоследностите во него.
Учебникот го посветувам на мојот татко.
Item Type: | Book |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Law |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Ivica Josifovik |
Date Deposited: | 29 Jan 2021 09:51 |
Last Modified: | 29 Jan 2021 09:51 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/27340 |
Actions (login required)
View Item |