Ruskovska, Tatjana and Pop-Kostova, Ankica and Smokovska, Suzana (2010) Дијагностичка вредност на слободниот пса во диференцијалното дијагностицирање кај заболувањата на простата. In: X Семинар за квалитет контрола информатика и заштита во медицинска лабораториска дијагностика, 17 - 20 June 2010, Ohrid, Macedonia.
Preview |
Text
10-ти Семинар.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Вовед. ПСА (простата специфичен антиген) претставува орган специфичен туморски маркер кој има широка примена во раното откривање на карцином на простата. Во циркулацијата еден дел од ПСА се наоѓа врзан за протеините од крвната плазма, а еден дел е слободен. Утврдено дека доколку процентот на слободниот ПСА е понизок, веројатноста за постоење на карцином на простата расте. Ова е од особено значење за пациентите кои се наоѓаат во т.н. “сива дијагностичка зона“ (вредност на вкупниот ПСА од 4-10 ng/mL) кај кои одредувањето на % на слободен ПСА (слободен ПСА / вкупен ПСА х 100) помага при поставувањето на дијагнозата и придонесува да се елиминираат непотребните биопсии.
Цел на трудот. Целта на оваа студија е да се одреди % на слободен ПСА кај пациенти кои се во “сивата дијагностичка зона“ и да се утврди процентот на пациенти кај кои овој тест ќе даде резултат во насока на елиминирање на биопсијата.
Пациенти и методи. Опфатени се 60 консекутивни пациенти кај кои вредноста на вкупниот ПСА се движи од 4-10 ng/mL. Концентрацијата на вкупниот и слободниот ПСА е одредена со имунохемилуминисцентна метода на имунохемискиот анализатор Immulite.
Резултати. Кај 18 пациенти (30%) е регистриран % на слободен ПСА поголем од 25% кој со голема веројатност укажува дека не се работи за карцином на простатата и дека веројатно биопсија во моментот не е потребна. 26 пациенти (43%) имаат % на слободен ПСА помал од 15%, што укажува на висока веројатност дека се работи за карцином. Од тие 26 пациенти, 5 пациенти (8% од вкупниот број) имаат % на слободен ПСА помал од 7% што укажува на изразито голема веројатност од постоење на карцином и потреба од задолжителна биопсија.
Заклучок. Одредувањето на % на слободен ПСА во голема мерка ја зголемува тумор-специфичноста на туморскиот маркер ПСА и има капацитет да елиминира извесен процент на биопсии. Секако, не смее да се занемарува ниту значењето на останатите параметри кои се тесно поврзани со ПСА: густината на ПСА и брзината на пораст на ПСА.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Lecture) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Clinical medicine |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Tatjana Ruskovska |
Date Deposited: | 02 Dec 2012 09:37 |
Last Modified: | 02 Dec 2012 09:37 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/2732 |
Actions (login required)
View Item |