Veselinova, Elena (2020) Градење капацитет за активности за поддршка на бизнисот – БЦБСА. [Project] (Submitted)
Video
Конец 26 8 2020 9.mp4 Download (10MB) |
Abstract
Информации за проектот: ТТЗ ќе работи на подобрување на синџирот на снабдување на водечките текстилни компании во Македонија преку нивна подобрена усогласеност со меѓународно признатите социјални стандарди. ТТЗ ќе стане Аудитор за некои од овие стандарди и ќе нуди услуга имплементација на стандарди за општествена и корпоративна одговорност во компании. ТТЗ исто така ќе работи и развој на серија на ТВ-емисии кои ќе промовираат поширока афирмација и директно презентирање на реалната состојба во текстилната индустрија, со цел популаризација на секторот и подобрување на нејзиниот имиџ.
Главна цел на Проектот: Услугата за имплемнтација на социјални стандари ќе им даде поддршка на компаниите од текстилната индустрија за подобрување на нивната социјална усогласеност, така што тие ќе можат да бидат подготвени да аплицираат и да се здобијат со “certified social audit approval” што го бараат странските купувачи, што ќе ја подобри видливоста и одржливоста на македонските текстилни компании на пазарот. Серијалот на ТВ емисии – Развој на ПР механизам за враќање на позитивната слика на секторот има цел да стигне до поширока популација за да ја претстави текстилната индустрија во позитивна слика преку презентирање на позитивните примери од работењето на компаниите.
Учесници: Текстилно Трговско Здружение-Текстилен кластер финансиран од УСАИД Проект за Бизнис Екосистем
Корист за учесниците на Проектот: Зголемена конкурентност; зголемена вредност на извозот; зголемување на бројот на нови клиенти; зголемени приходи – врз основа на користење на услугите; нови работни места.
Item Type: | Project |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Elena Veselinova |
Date Deposited: | 01 Feb 2021 11:20 |
Last Modified: | 01 Feb 2021 11:20 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/27285 |
Actions (login required)
View Item |