Семејно насилство

Todorova, Biljana and Apasiev, Dimitar and Ivanova, Elena and Sutova, Milica and Kosevaliska, Olga and Stojanovski, Strasko (2020) Семејно насилство. Project Report. Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип, Штип.

[thumbnail of Semejno nasilstvo 3.pdf]
Preview
Text
Semejno nasilstvo 3.pdf

Download (2MB) | Preview

Abstract

Предговор
Трагајќи низ лавиринтите на академската слобода, остварувањата на секој универзитетски професор не завршуваат низ симплифицираното десеминирање на знаењата во рамките на наставните курикулуми и поминатите часови во предавалните и амфитеатрите. Академскиот амбиент и комфор се отелотворува подеднакво и низ творечката дејност, но кога ќе се синтетизира разменетото искуство со студентите и авторскиот порив на наставниот кадар, тогаш зборуваме за вистински академски амбиент.
Се сеќавам, кога пред петнаесетина години додека го пролистував Шушњиќ и неговата „Методологија, критика науке“, се восхитував како може професорот да се инспирира од студентите. Заемното разменување на идеи и инволвирањето на студентите во рамките на практични истражувања по предметите Граѓанско општество и Социологија на правото го иницираа ова дело. Да, сè започна од студентите!
Во рамките на академската профилација на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, интердисциплинарноста нуди можност за создавање на многу вакви дела на слични или различни тематики, низ кои наставниот и академски кадар може да го артикулира својот светоглед, низ призмата на сопствената супспецијалност.
Токму во соработката, во која се вклучени историски, граѓанско-правни, кривично-правни, социолошки, феноменолошки и криминолошки аспекти на семејното насилство, се пронајдоа професорите Тодорова, Апасиев, Кошевалиска, Максимова, Стојановски и Шутова и како финален производ го продуцираа делото кое е пред нас.
Ова дело претставува мал придонес од дел од академскиот колектив на Правниот факултет во Штип кон јавната дебата, која треба да биде производ инициран од научната скепса, пласираните тези, проблематизираните прашања и, секако, можноста да се понудат решенија за одредени општествени проблеми.
Се надевам дека иако млад, во втората декада од своето постоење, Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ ќе се гради поинтензивно и во овој правец на поврзување на професорот, студентот, јавното мислење, дебата, дискурс и јавниот интерес воопшто.
Страшко Стојановски
Штип, 19.08.2020 година

Item Type: Monograph (Project Report)
Subjects: Humanities > Other humanities
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Biljana Todorova
Date Deposited: 27 Jan 2021 19:03
Last Modified: 27 Jan 2021 19:03
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/27242

Actions (login required)

View Item View Item