Криминолошка опсервација на последиците од Европската мигрантска криѕа

Nanev, Lazar and Kosevaliska, Olga and Ivanova, Elena (2020) Криминолошка опсервација на последиците од Европската мигрантска криѕа. In: Social change in the global world 2020, Sept 2020, Stip, Macedonia.

[thumbnail of conference 2020 Nanev, Koshevaliska, Maksimova.pdf]
Preview
Text
conference 2020 Nanev, Koshevaliska, Maksimova.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

2015 година донесе мигрантска криза во која иако мигрантите претендираа
влез во некоја од земјите на Европската Унија, истата не ги заобиколи и земјите кои
не се членки на ЕУ а се наоѓаат на европското тло. Конкретно нашата земја согласно
местоположбата, се најде како дел од најкористената рута – Западнобалкансата рута,
за транзит до посакуваната дестинација. Проблемите од кривично правен аспект
особено се засилија по затворањето на рутата во март 2016 година, што придонесе
за засилување на обидите за нелегален влез, дури и по цена инволвирање во вршење
кривични дела. Рутата, се уште остана атрактивна, за разлика од алтернативите кои
не се проодни како неа, и иако затворена се користеше илегално. Така и се засилија
вршењата на кривичните дела од мигрантиите и кон мигрантите, кое пак ги направи
жртви и на неколкукратни сериозни повреди на човековите права и слободи. Особено
вршењето на делата трговија со луѓе и криумчарење мигранти, како особено потешки и
попроблематични за откривање, препознавање и сузбивање. Перманентната анализа на
материјата, до денешен датум, е особено потребна заради спречување на исти и слични
пракси во иднина. Затоа во трудот ќе дадеме краток криминолошки осврт на кривично
– правните последици кои ги остави кризата, односо најтешките сторени кривични дела
трговија со лица и криумчарење мигранти.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Elena Maksimova
Date Deposited: 27 Jan 2021 18:55
Last Modified: 27 Jan 2021 18:55
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/27240

Actions (login required)

View Item View Item