Mitevski, Aleksandar (2019) Минимално инвазивни техники во абдоминалната хирургија. In: Втор конгрес на студенти по Општа медицина УГД, 10-11 May 2019, Stip, Macedonia.
Preview |
Text
BOKKK-OF-ABSTRAKT 2019.pdf Download (5MB) | Preview |
Abstract
Минимално инвазивните техники во последните две децении постигнаа огромен развој, а во последната деценија станаа доминантни во абдоминалната хирургија. Напредокот се должи пред сè на развојот на технологијата, но дополнително беше поттикнат и од сè поголемите барања на пациентите за побезболни оперативни зафати, подобар естетски резултат и побрзо постоперативно закрепнување.
Денес скоро сите општи хируршки интервенции можат да се изведат со минимално инвазивни техники. Најголем бенефит има кај оперативните зафати кај кои хируршката траума од оперативниот пристап - инцизијата е поголема отколку траумата од самата процедура. Процедурите кои се изведуваат во телесните празнини како торакална и перитонеална заради просторот за манипулација и кога не бараат отстранување на големи органи и ткива се погодни за минимално инвазивните процедури. Заради ова, оперативните зафати кои се изведуваат во абдоминалната-перитонеална празнина, се идеални за минимално инвазивните техники.
За еден хирург да стане лапароскопски хирург потребно е да има познавање од современите техники и инструменти , да знае како да ги употреби, но и да знае кога да ја конвертира операцијата во отворена.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Lecture) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Clinical medicine Medical and Health Sciences > Health sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Aleksandar Mitevski |
Date Deposited: | 25 Jan 2021 12:21 |
Last Modified: | 25 Jan 2021 12:21 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/27147 |
Actions (login required)
View Item |