Митот и вистината за Алшар и лорандитот

Jovanovski, Gligor and Boev, Blazo and Matevski, Vlado and Stafilov, Trajče and Makreski, Petre and Boev, Ivan (2020) Митот и вистината за Алшар и лорандитот. Економски медитации - зборник на трудови посветен на академик Таки Фити по повод 70 години од неговото раѓање. pp. 579-617.

[thumbnail of Ekonomski meditacii Boev.pdf]
Preview
Text
Ekonomski meditacii Boev.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

За научниците од областа на геологијата, геохемијата, минералогијата, физиката, хемијата, биологијата, астрологијата и од многу други интердисциплинарни научни подрачја (вклучувајќи ја и економијата), но и за вљубениците во минералите, флората, фауната и, воопшто, за сите ентузијасти заинтересирани за откривањето на тајната на Сонцето, рудниот локалитет Алшар претставува многугодишна енигма. Рудникот бил познат уште од многу одамна (XII или XIII век), меѓутоа интересот за Алшар особено пораснал од 1976 година, кога американскиот научник Мелвин Фридман (Melvin Freedman) дошол до сознание дека минералот лорандит – TlAsS2 (кој во локалитетот Алшар го има во најголемо количество во споредба со сите други наоѓалишта на овој минерал во светот), може да послужи како геохемиски детектор на Сончевите неутрина, односно за откривање на тајната за староста на Сонцето. Имено, како детектор на неутрината од Сонцето, Фридман предложил да се користи еден изотоп на талиумот (205Tl) во минералот лорандит, кој при интеракција со неутрината се трансформира во изотоп на оловото (205Pb). Идејата била да се анализира талиумовиот минерал лорандит од Алшар, стар повеќе милиони години, така што најденото количество олово-205 во него би претставувало основа за пресметување на бројот на неутрината што во текот на милениумите поминале низ минералот лорандит, а со тоа и да се пресмета староста на Сонцето. Во овој прегледен труд е даден опис на локалитетот, геологијата и на дел од досега откриените 45 минерали од Алшар, како и приказ на ендемските видови флора во овој уникатен локалитет, а опфатени се и дел од истражувањата насочени кон разрешувањето на енигмата за староста на Сонцето засновани на лорандитот од Алшар.

Item Type: Article
Subjects: Natural sciences > Earth and related environmental sciences
Natural sciences > Other natural sciences
Divisions: Faculty of Natural and Technical Sciences
Depositing User: Biljana Kosturanova
Date Deposited: 16 Jan 2021 18:41
Last Modified: 16 Jan 2021 18:41
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/27140

Actions (login required)

View Item View Item