Ignjatov, Ivan (2020) Ревизија на програми финансирани од Европската Унија кои се имплементираат децентрализирано во Република Северна Македонија. Билтен на Здружение на финасиски работници на локалната самоуправа и јавните претпријатија – Велес. ISSN 1857 - 8837
Preview |
Text
Ревизија на програми финансирани од Европската Унија кои се имплементираат децентрализирано во Република Северна Македонија.pdf Download (264kB) | Preview |
Preview |
Text
Содржина - Билтен.pdf Download (215kB) | Preview |
Abstract
Ревизијата на средствата од Европските фондови ја вршат ревизорските тела формирани од страна на Владата во земјите корисници.
Од 2007-та година Европската комисија помошта на земјите кандидати и потенцијални кандидати за членство во Унијата ја насочува преку новиот инструмент за претпристапна помош – ИПА. Преку Европските фондови – ИПА, Европската Комисија ја насочува помошта во програмскиот период 2007 - 2013 (познат како ИПА 1), и во вториот програмски период 2014 - 2020 (познат како ИПА 2). Европската Комисија во соработка со земјите кориснички на ИПА средствата е во фаза на програмирање и подготовка на административните капацитети за користење на ИПА помошта и во наредниот период 2021-2027 (ИПА 3.)
Со цел правилно имплементирање на средствата кои што Европската комисија ја дава на земјите кориснички, секоја земја корисник склучува рамковна спогодба во која се имплементирани правилата за воспоставување на соодветен систем за имплементирање, управување и контрола на Европските фондови.
Ревизијата на средствата од Европските фондови се врши на 2 (две) нивоа, и тоа:
• Ревизија на користењето од страна на ревизори од соодветни генерални директорати при Европската комисија со седиште во Брисел
• Ревизија на користењето на средствата од страна на националните ревизорски тела формирани во државата корисник на Европските фондови.
Ревизорските тела формирани во земјата корисник, се формираат од страна на Владата со цел да вршат:
• Верификација на ефективното функционирање на системите за управување и контрола за ИПА
• Верификација на веродостојноста на сметководствените информации доставени од надлежните институции во земјата до Европската комисија при децентрализирано управување со фондовите на Европската унија
Ревизијата на Европските фондови опфаќа:
• вршење ревизија на воспоставеноста на ИПА системот (системска ревизија)
• ревизија на проекти / програми
• финансиска ревизија
• ревизија на информатичка технологија
Со цел планирање на годишните ревизорски активности, ревизорските тела изготвуваат годишен ревизорски план за работа кој го доставуваат до соодветните генерални директорати при Европската комисија и националните авторитети во земјата пред започнување на годината предмет на ревизија.
Ревизорската тела ја организираат и спроведуваат ревизијата согласно меѓународно прифатените ревизорски стандарди и прирачниците и упатствата добиени од страна на генералните директорати при Европската комисија. Со ревизорските тела за ревизија на Европските фондови раководи главен ревизор, именуван од страна на Владата на државата корисник. Ревизиите на Европските фондови во ревизорските тела ги спроведуваат ревизори со овластувања да вршат ревизија на сите корисници на средствата од Европските фондови.
При вршење на ревизијата на Европските фондови, ревизорите имаат слободен пристап во службените простории и имотот, право на увид во книгите и целокупната документација поврзана со ревизијата како и право да бараат објаснување од претставниците на субјектот на ревизија за сите прашања поврзани со ревизијата.
Доколку од страна на субјектот предмет на ревизија не се достават до ревизорот сите потребни документи и не се дозволи увид во деловните книги, согласно меѓународно прифатените ревизорски стандарди овластениот ревизор во ревизорскиот извештај овие состојби ги прикажува како ограничувања – попречување и лимитирање на обемот на испитувањето.
Врз основа на годишните ревизорски активности, ревизорските тела изготвуваат годишни ревизорски извештаи и годишни ревизорски мислења кои се доставуваат до Европската комисија во Брисел и до соодветните национални авторитети во државата.
Ревизија на работењето на ревизорските тела вршат независни друштва за ревизија кои имаат дозвола за работа и вршење на работи на ревизија согласно со Законот за ревизија, Европската комисија и Европскиот суд за ревизори. Извештајот од спроведена ревизија се доставува до Владата на разгледување.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Ivan Ignjatov |
Date Deposited: | 25 Jan 2021 11:31 |
Last Modified: | 25 Jan 2021 11:31 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/27081 |
Actions (login required)
View Item |