Mitevski, Aleksandar and Antovic, Svetozar and Kuzmanovska, Biljana and Jankulovski, Nikola (2014) Лапароскопска ингвинална херниопластика. Macedonian Medical Review. ISSN 0025-1097
Preview |
Text
MMP 3 2014-final.pdf Download (2MB) | Preview |
Abstract
Вовед : Помалата пост оперативна болка , побрзата мобилизација и враќањето на работоспособноста на пациентите ги направи минимално инвазивните техники методи на избор во хирургијата на херниите. Исто така важен е и помалиот процент на пост оперативни компликации , особено на местото на самата херниопластика.
Материјал и методи :Презентираме серија од 8 пациенти третирани со лапароскопска ТАПП ( Транс Абдоминална ПреПеритонеална ) техника.
Се евалуира времетраење на оперативен зафат, периоперативната болка , време на испишување од болница,број на таблети ( аналгетик) потребни за да нема болка пост оперативно, функционален статус, појава на компликации – хематом, сером ,инфекција на рана , потреба од катетеризација на мочен меур и период на враќање на нормални физички активности( реконвалесценција).
Резултати: Oд 8 херниопластики, кај еден пациент интраоперативно се дијагностицира и контралатерална окултна хернија и беше исклучен од студијата. Кај еден пациент е поставен уринарен катетер заради ретенција на урина, не беа забележани други компликации на денот на исписот и ПОД 7.
Средно време на траење на оперативниот зафат беше 32,8 минути, средно време на испис 1,14 дена.Средна вредност на болката ПОД 1 беше 1,7-1,8 или умерена болка при мирување и кашлање , а ПОД 7 беше 1 или без болка .
Во однос на функционалниот статус ПОД1 беше 1,7 или лесно уморен, а ПОД 7 веќе 1 или способен.
Сите пациенти дадоа податок дека ПОД3 биле способни да ги извршуваат секојдневните активности.
Заклучок: Може да се каже дека предност на лапароскопската ТАПП техника е раната мобилизација и вонболнички третман на пациентот, малата потреба од аналгезија постоперативно и брзото враќање на секојдневните активности. Пациентот третиран лапароскопски има добар ран клинички исход.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Clinical medicine Medical and Health Sciences > Health sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Aleksandar Mitevski |
Date Deposited: | 25 Jan 2021 09:25 |
Last Modified: | 25 Jan 2021 09:25 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/27032 |
Actions (login required)
View Item |