Gogova Samonikov, Marija (2020) Основи на финансии. Faculty of Economics, Goce Delcev University-Stip. ISBN 978-608-244-746-9
Preview |
Text
Osnovi na finansii.pdf Download (443kB) | Preview |
Abstract
Учебникот „Основи на финансии“ од авторот, проф. д-р Марија Гогова Самоников претставува заокружена целина на темите поврзани со основните постулати за постоењето и функционирањето на финансиските системи. Учебникот е наменет првенствено за изучување на предметот „Основи на финансии“ од страна на студентите на Економскиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, за сите насоки на прв циклус на студии, како и за предметот Финансии, за студентите на прв циклус на студии на насоката Бизнис информатика при Факултет за информатика на Универзитет „Гоце Делчев“ од Штип.
Учебникот е креиран врз основа на потребата од создавање на учебно помагало кое на студентот ќе му овозможи формирање слика за целокупното функционирање на финансиските системи. Финансиите разгледувани од научен аспект претставуваат една комплексност составена од повеќе домени и аспекти кои се однесуваат на неговите зачетоци, постулати на функционирање, соодветни норми, потоа институции кои овозможуваат циркулација на паричните и останати средства, а тие влијаат на создавање посебни подсистеми кои го карактеризираат монетарното и јавно работење. Не смее да се заборави и меѓународната димензија на овој финансиски систем, кој неминовно сè повеќе се инфилтрира во сите општества, од најбогати кон најсиромашни.
Item Type: | Book |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Marija Gogova |
Date Deposited: | 25 Jan 2021 07:50 |
Last Modified: | 24 Jan 2023 09:44 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/27007 |
Actions (login required)
View Item |