Меѓусебна корелација на несаканите ефекти во рамките на пост 5 алфа редуктаза инхибитори синдромот кај пациентите кои се на медикаментозен третман за бенигна простатична хиперплазија

Sofronievska, Maja (2020) Меѓусебна корелација на несаканите ефекти во рамките на пост 5 алфа редуктаза инхибитори синдромот кај пациентите кои се на медикаментозен третман за бенигна простатична хиперплазија. ugd. ISSN 0354-2904

[thumbnail of МАЈА С. ГЛАВИНОВ-ДОКТОРСКА ДИСЕРТАЦИЈА.pdf]
Preview
Text
МАЈА С. ГЛАВИНОВ-ДОКТОРСКА ДИСЕРТАЦИЈА.pdf

Download (4MB) | Preview

Abstract

Несаканите ефекти од фармако терапијата со 5α-редуктаза инхибитори 5АРИ
се предизвик во лекувањето на пациентите со бенигна хиперплазија на
простатата БПХ заради ограниченоста во фармаколошките опции за третман и
честата контраиндикација за хируршки третман на овие пациенти.
Дополнително е и влошувањето на квалитетот на живот настанато од
фармакотерапевтските опции. Целта на оваа проспективна контролирана
студија беше да се оцени корелацијата на несаканите ефекти од употребата на
5АРИ кај пациентите со БПХ во рамките на пост 5АРИ синдромот и
биохемиските промени кои допринесуваат за нивното појавување. Двесте и
педесет (250) мажи на возраст од 45 до 70 години, со средно изразени
симптоми на долен уринарен тракт заради БПХ беа анализирани во две групи:
контролна група пациенти третирани само со α1-блокатор и испитувана група
третирана со комбинирана терапија со α1-блокатор (тамсулозин) и 5АРИ
(дутастерид). Тежината на симптомите на долниот уринарен тракт (СДУТ) беше
утврдена врз основа на интернационалниот простата симптом збир (IPSS),
појавата на еректилната дисфункција настаната заради несакано дејство од
употребата на дутастерид беше евалуирана со користење на меѓународен
индекс на еректилна функција (IIEF-5), а нарушувањето на расположението
настанато заради несакано дејство од употребата на дутастерид беше
проценето со користење на прашалник за самоевалуација на депресија, PhQ-9.
Сите варијабли се евидентираа на почетокот на воведувањето на терапија, по
6 и по 12 месеци од започнувањето на истата. Истовремено се мереа и
серумските вредности на тестостерон и дехидроепиандростерон сулфат.
Резултатите ја потврдија хипотезата за постоење меѓусебна корелацијата
помеѓу еректилната дисфункција и нарушувањата на расположението кај 26
пациенти (p<0,001) и беше потврдена нивната зависност од серумските нивоа
на тестостерон и дехидроепиандростерон сулфат кај пациентите во
испитуваната група. Истовремено се потврдија и потхипотезите за влијанието
на IPSS на еректилната функција и нарушувањата на расположението и
корелацијата на пост 5АРИ синдромот со влошување на квалитетот на живот
(p<0,001).
Клучни зборови: БПХ, 5АРИ, еректилна дисфункција, расположение,
дехидроепиандростерон.

Item Type: Article
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Svetlana Jovevska
Date Deposited: 21 Sep 2021 09:02
Last Modified: 21 Sep 2021 09:02
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/26972

Actions (login required)

View Item View Item