Географијата и географите во Битола и Битолско

Dimitrov, Nikola (2020) Географијата и географите во Битола и Битолско. Other. Никола В. Димитров и РГД „Геосфера“ Битола, Bitola.

[thumbnail of Никола В. Димитров,Географијата и географите во Битола и Битолско,монографија,20.12.2020.pdf]
Preview
Text
Никола В. Димитров,Географијата и географите во Битола и Битолско,монографија,20.12.2020.pdf

Download (18MB) | Preview

Abstract

Монографијата има три дела и дванаесет поглавја, со текстуални податоци хронолошки изнесени, поткрепени со голем број фотографии, неколку карти и табели:
-Прв дел, Почетоци на географијата и географските записи за Хераклеја Линкестис и Битола
-Втор дел, Појава на географијата како наставен предмет и првите географи во Битола
-Трет дел, Развој на географијата и географската мисла во Битола и битолско од 1945 година до денес.

Во првиот дел: Почетоци на географијата и географските записи за Хераклеја Линкестис и Битола, има две поглавја. Во првото, зборуваме за Почетоци на географијата, првите географски карти и споменувањето на Хераклеја Линкестис (претходницата на Битола). Во второто поглавје,Период на патописци, има повеќе географски описи за Битола забележани од патописците.
Во вториот дел: Појава на географијата како наставен предмет и првите географи во Битола, исто така има две поглавја. Во првото зборуваме за Појава на географијата како наставен предмет, а во второто за Географијата и првите географи во Битола. Овде се поместени податоци за географијата и првите географи кои работеле во Битола.
Во третиот дел: Развој на географијата и географската мисла во Битола и битолско од 1945 годинадо денес, е најобемен и има осум поглавја: Географијата и географите (1945-1955); Географијата во Учителска школа „Браќа Миладиновци“ (1946-1964); Прва географска секција (1956-1968); Наставата по географија во Педагошката академија Битола (1964-1984); Регионална географска секција, (1969-1977); Географско здружение на општина Битола и Демир Хисар (1977–1983); Здружение на географичарите(1983-2005) и последно поглавје Регионално географско друштво „Геосфера“ (2005-). Овој дел има хронолошки податоци за развојот на географската мисла, активностите на наставниците и професорите по географија и секако најважни биографски податоци за околу стотина наставници и професори, поткрепени со над четиристотини фотографии.

На крајот, книгата завршува со Дискусија, во која е резимиран развојот на географската мисла во Битола и битолско во последните седум децении или на приближно пет генерации географи.
Во делот Прилози, поместен е Преглед на сите основни и средни училишта со имиња на над сто седумдесет наставниците и професори кои предавале во истите.

За комплетирање на книгата користевме соодветна литература и други извори - архивско истражување во архив Битола, персонални досиеја на вработени наставници и професори по географија во основни и средни училиштата и секако анкетните листови и интервјуата со пензионирани и активни наставници и професори по географија во Битола и битолско, Ресен и Демир Хисар, со членови на нивни семејства и поранешни ученици. На сите авторот им искажува искрена благодарност.

Книгата е посветена на колегите географи од Битола и битолско за нивниот придонес во ширење на географијата и географската мисла во образовниот процес на младите генерации.

Item Type: Monograph (Other)
Subjects: Social Sciences > Educational sciences
Social Sciences > Other social sciences
Social Sciences > Social and economic geography
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Nikola Dimitrov
Date Deposited: 28 Dec 2020 19:09
Last Modified: 28 Dec 2020 19:09
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/26930

Actions (login required)

View Item View Item