Todorova, Biljana (2020) Влијание на еколошката транзиција врз работните места. Proceedings of the Seventh International Scientific Conference 'Social changes in the global world' (7). pp. 445-458. ISSN 978-608-244-778-0
Preview |
Text
Biljana Todorova.pdf Download (4MB) | Preview |
Abstract
Главната теза во трудот е дека хармонизацијата на еколошкото законодавство ќе се одрази на пазарот на труд. Во практиката се забележува појава на нови „зелени“ работни места и трансформација на постојните. Со преминот кон позелена економија за очекување е во некои сектори и индустрии да се создаваат нови вработувања, но во други може да се намалуваат одредени занимања, па дури и да згаснат цели погони и индустрии. Оттука, може да се очекува дека транзицијата кон еколошки чисти работни места ќе ја зголеми невработеноста. Осигурувањето во случај на невработеност тука има значајна улога, во смисла на развој на вештини кои им се потребни на невработените лица, односно работно оспособување да можат да се вратат на работа во еколошки одржлива економија. Постојат причини за нормативна интервенција во системот за заштита од невработеност, кој бара изградба на „еколошка“ стратешка рамка за развој на вештини. Основната цел која би се постигнала со „еколошката“ интервенцијата во системот на осигурување во случај на невработеност е промена на структурата на работната сила, односно подобрување на поврзувањето на побарувачката и понудата на вештини на пазарот на трудот, што е истакнато и како цел во Националната стратегија за вработување на Република Македонија 2016-2020.
Во трудот ќе се даде одговор на прашањаето за тоа каква е улогата на Агенцијата за вработување и улогата на социјалниот дијалог чии активности можат да бидат клучни во овој процес на транзиција на работните места кон еколошки чисто производство.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Other humanities |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Biljana Todorova |
Date Deposited: | 23 Dec 2020 08:25 |
Last Modified: | 23 Dec 2020 08:25 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/26917 |
Actions (login required)
View Item |