Сигнализирачкиот ефект на македонските дивиденди

Petreska, Nadica and Gruevski, Ilija and Gaber, Stevan (2020) Сигнализирачкиот ефект на македонските дивиденди. Yearbook, Faculty of Economics, Goce Delcev University - Stip, 21 (1). pp. 29-35. ISSN 1857- 7628

[thumbnail of 3928-Article Text-6544-1-10-20201220.pdf]
Preview
Text
3928-Article Text-6544-1-10-20201220.pdf

Download (494kB) | Preview

Abstract

Целта на истражувањето во овој труд е да се детектира сигнализирачкиот ефект кој евентуално го генерира најавата за исплата на дивиденда во македонските компании кои го претставуваат официјалниот пазар на капитал. Користениот методолошки пристап се состои од утврдување на присуството на т.н. абнормални (натпросечни) стапки на принос на анализираните акции во перидот пред и после најавата за исплата на дивиденда. Тоа е постигнато преку идентификација на т.н. аутлајери во временските серии на дневните стапки на принос во временскиот хоризонт од +/- 10 дена од датумот на објава на одлуката за исплата на дивиденда.
Со помош на дескриптивна статистика се утврдија само 3 абнормални стапки на принос и тоа кај АД Стопанска банка, АД Алкалоид и АД Комерцијална банка. Спротивно на рационалните очекувања, тие беа негативни и со релативно задоцнет ефект без значајна инсајдерска содржина. Анализата покажа дека домашните дивиденди не создаваат значајни сигнализирачки ефекти и не придонесуваат за унапредување на ефикасноста на македонскиот пазар на капитал.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Stevan Gaber
Date Deposited: 21 Dec 2020 09:55
Last Modified: 21 Dec 2020 09:55
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/26904

Actions (login required)

View Item View Item