Ignjatov, Ivan (2014) Ревизијата и измамата. Билтен на здружение на финасиски работници на локалната самоуправа и јавните претпријатија - Велес. ISSN 1857-8837
Preview |
Text
Содржина-Ревизијата и измамата.pdf Download (819kB) | Preview |
Preview |
Text
Ревизијата и измамата.pdf Download (6MB) | Preview |
Abstract
Измамата може да се случи било каде. Додека од една страна само неколкуте големи измами се избрани и се тема на медиумите, од друга страна се губат големи суми во сите видови на бизнис, како резултат на големиот број на мали измами кои се направени.
Редовно се спроведуваат истражувања кои се направени во обид да се процени вистинскиот обем и трошокот на измамата за бизнисот и општеството.
Измама претставува прибавување неоправдани или незаконски финансиски корисности; намерно погрешно т.е. неточно прикажување на податоците или изоставување, односно не објавување на податоците во сметководствената евиденција на претпријатието или во финансиските извештаи.
Грешка е ненамерно погрешно прикажување или не искажување на податоци или износи во сметководството на претпријатието или во финансиските извештаи. Големите грешки ги корегира обично самиот клиент кај кого се спроведува ревизијата, кога тие ќе се утврдат, а во случај кога откриената материјална грешка не се исправа, тогаш таа станува неправилност или ненамерната постапка се претвора во намерна.
Финасиските измами претставуваат криминално дело кои можат да се дефинираат како намерни акти на измама кои вклучуваат финансиски трансакции, поради остварување на лична придобивка. Финансиската измама се класифицира како криминално дело и потпаѓа под граѓанските кривични закони, во рамките на општественото уредување.
Финасиската измама може да биде извршена од компании, организирани криминални групи или од поединци. Основна карактеристика по која се разликуваат финасиските измами од другите криминални дела е тоа што ги извршуваат лица кои имаат специјализирано знаење од областа и во најголем број на случаи тие не се претходно осудувани. Карактеристично е тоа што во одредени случаи, голем број компании ги штитат вработените кои извршиле финансиска измама се со цел да го заштитат својот бренд и репутација во јавноста, постапка која се јавува како дополнителен проблем во откривањето на измамата.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Ivan Ignjatov |
Date Deposited: | 14 Dec 2020 09:30 |
Last Modified: | 14 Dec 2020 09:30 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/26875 |
Actions (login required)
View Item |