Важноста на спроведување ревизии за осигурување на квалитет на ревизорските активности

Ignjatov, Ivan (2020) Важноста на спроведување ревизии за осигурување на квалитет на ревизорските активности. Билтен на Здружение на финасиски работници на локалната самоуправа и јавните претпријатија - Велес. ISSN 1857 - 8837

[thumbnail of Важноста на спроведување ревизии за обезбедување на квалитет на ревизорските активности.pdf]
Preview
Text
Важноста на спроведување ревизии за обезбедување на квалитет на ревизорските активности.pdf

Download (4MB) | Preview
[thumbnail of Содржина - Билтен.pdf]
Preview
Text
Содржина - Билтен.pdf

Download (4MB) | Preview

Abstract

Спроведувањето на ревизии за осигурување на квалитет на ревизорските активности е од особена важност за подобрување на методолошкиот пристап на ревизорите и намалување на ризикот од одредени неправилности при спроведувањето на ревизиите, со цел подобрување на процесите на наменско и законско искористување на средствата и заштита на интересите на даночните обврзници.
Со цел на квалитетно спроведување на активностите кои се насочени кон осигурување на квалитет на ревизорските активности, потребно е да се утврдат соодветни политики, системи и постапки кои ќе ги охрабрат активностите кои водат кон поголем квалитет и ќе ги обесхрабрат или спречат дејствата кои може да го загрозат квалитетот. Овие контроли на квалитетот треба да се развиваат и спроведуваат во однос на сите фази од процесот на ревизија, вклучително и избор на предмети за ревизијата, одлука за тајмингот на ревизијата, планирање на ревизијата, извршување на ревизијата, поднесување на ревизорски резултати, контрола и процена на наодите од ревизијата како и квалитетот на донесените ревизорски заклучоци и препораки.
Ваквите ревизорски активности ја подигнуваат свеста кај самите ревизори за обезбедување на соодветен, целосен и релевантен ревизорски доказ за наодите и препораките кои се прикажани во ревизорскиот извештај притоа укажувајќи на можноста дека и самите ревизори можат да бидат предмет на ревизија.
При спроведување на осигурувањето на квалитетот на извршените ревизии изборот на ревизиите кои ќе бидат предмет на проверка се определува врз основа на проценката на ризиците и значењето на ревизијата, чувствителноста и материјалноста на ревизорските теми, интересот на читателите на ревизорските извештаи, субјектите кои биле предмет на ревизија а се соочуваат со одредени проблеми во работењето кои може да доведат до недоразбирања или спорови, ревизии каде се утврдени значајни недостатоци во текот на претходно извршени проверки на контрола на квалитетот, големината и комплексноста на ревизиите, ревизии каде се ревидираат комплексни сметководствени системи, ревизии каде има значајни промени во искажаните ревизорски мислења за еден ист субјект од една до друга ревизија.
Спроведувањето на контролата на квалитетот во ревизијата ги опфаќа сите фази во ревизијата, од фазата на планирање, спроведување на ревизијата, известување на резултатите од ревизијата како и осигурување на квалитетот на спроведените ревизорски активности за следење на имплементацијата на дадените ревизорски препораки (follow up). При изборот на ревизиите потребно е да се има предвид опфатот, односно потребно е да се опфатат ревизии кои се спроведени од сите сектори од институцијата како и различни по вид ревизии, односно системски ревизии, ревизии на операции или проекти, финансиски ревизии, ИТ ревизии, ревизии на успешност и тн.
При спроведување на осигурувањето на квалитетот на извршените ревизии од особена важност е изборот на лицата кои ќе ја спроведат проверката.
Подобрувањето на квалитетот на ревизијата бара системски пристап од сите ревизори. Поединечните напори од страна на поединци и индивидуални тимови за ревизија не се доволни и не би функционирале. Не постојат брзи решенија кога квалитетот на ревизијата е во прашање.
Осигурувањето на високи нивоа на квалитет во работата во рамки на една ревизорска организација вклучува последователни детални чекори што мора да се преземат во одреден временски период. Всушност, тоа е бескраен процес на континуирано подобрување.
Преку спроведувањето на активности за осигурувањето на квалитетот на извршените ревизии директно се влијае за долгорочно подобрување на ревизорската работа и продуцирање на подобри ревизорски извештаи.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Ivan Ignjatov
Date Deposited: 14 Dec 2020 09:28
Last Modified: 14 Dec 2020 09:31
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/26874

Actions (login required)

View Item View Item