Евалуација на вредноста на џвакопритисокот и реакцијатa на периимплантните ткива кај хибридни протези над имплантати во мандибула

Krstevski, Danilo (2020) Евалуација на вредноста на џвакопритисокот и реакцијатa на периимплантните ткива кај хибридни протези над имплантати во мандибула. PhD thesis, Факултет за медицински науки, Универзитет „Гоце Делчев“ Штип.

[thumbnail of Докторат-д-р Данило Крстевски финале.pdf]
Preview
Text
Докторат-д-р Данило Крстевски финале.pdf - Published Version

Download (6MB) | Preview

Abstract

Во клиничката пракса се сретнуваме со пациенти кои во долната вилица поради разни фактори имаат мал број преостанати заби без перспектива. Поради намален товарен капацитет тие се расклатуваат и целосно се губат. Протетиката е вистинска магија со големи можности за имедијатна имплантатно - протетичка рехабилитација. Целта е да се сочува алвеоларниот гребен и да се успори неговата ресорпција. Во современите светски трендови конвенционалната протетика се заменува со тераписки методи и супраструктури за модерна терапија на оваа проблематика. Како едно од новите решенија кои ја третираат ваква проблематика во последно време е применувањето на Brånemark системот (Nobel Biocare). Самата методологија на работа е мултидисциплинарна и примарно бара познавање од повеќе области со спремен тим со вешта стручна спретност и стабилна рутина. Како пример за едно од таквите супраструктурни реставрации кои и практично ги применивме во овој труд го презентираме multi unit system протезирањето со имедијатна хибридна протеза. Хибридната протеза е практичен избор на цврсто фиксирана протетичка супраструктура врз 4 имплантите со што пациентите добиваат чувство на сигурност, стабилност и неподвижност на самата реставрација. Таа претставува условно мобилна супраструктура која е фиксирана со зашрафување врз 4 имплантати. Комбинацијата на орално - хируршка интервенција со вградување на 4 имплантати и изработка на хибридна протетичка супраструктура врз нив, позната е со популарно кратко име „сите на четири - all on four“. За ваквиот мултидисциплинарен концепт во светската стручна јавност многу се зборува и пишува. Над вградените 4 имплантати, имедијатно се поставува и веднаш џвакално се ангажира супраструктура со максимален број од 12 заби. Протезната конструкција циркуларно го опфаќа целиот беззабен гребен. Билатерално, џвакалниот центар е мезијализиран во пределот на вториот премолар и првиот молар. Вака применетата техника е практична современа мултипна комбинација за имедијатна рехабилитација и брзо обезбедување на џвакалната функција. Добиените податоци кај испитаниците со интактно забало укажуваат на разлика во развивањето на загризната сила во џвакалниот центар. Кај испитаниците со тотална беззабост третирани со класични тотални протези функционалната ефикасност е значително помала. Резултатот се должи на гингивална дистрибуција на оптеретувањето само кон мастикаторната тегментна гингива и алвеоларниот гребен. Вредноста на загризната сила кај испитаниците со парцијални протези по Kennedy I класа на беззабост според извршената регистрација во регијата на џвакалниот центар е повисока. Притисокот се пренесува комбинирано, дел гингивално, дел го прифаќаат преостанатите заби. Кај испитаниците со хибридни протези врз имплантати функционалната ефикасност е поголема. Хибридната протеза надворешно наликува на класична протеза, но за разлика од неа таа во базата супраструктурно е зашрафена врз имплантатите. Ретинирана е исклучиво на 4 имплантати поставени во алвеоларниот гребен кои подоцна остеоинтегрираат во функција на џвакање. Постои минимален благ тангенцијален контакт помеѓу неа и меките ткивата на алвеоларниот гребен. Има практична можност да се вади - отшрафува за разни потреби, на пример лекување на перимплантати, дополнителна хигиена, потреба од разни репараторни корекции и полирања. Често се вградува и се користи како имедијатна протетичка терапија кај пациенти кои се во преодната фаза од парцијално - субтотална кон тотална беззабост. Исто така резултатите покажаа и подобар квалитет на животот кај пациентите со хибридни протези во споредба со класичната протетска рехабилитација.
Клучни зборови: беззабост, мастикација, протетика, супраструктура, терапија.

Item Type: Thesis (PhD)
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Medical and Health Sciences > Health biotechnology
Medical and Health Sciences > Health sciences
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Cena Dimova
Date Deposited: 07 Dec 2020 14:47
Last Modified: 07 Dec 2020 14:47
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/26852

Actions (login required)

View Item View Item