Преработка на маслодајни култури

Mojsov, Kiro (2020) Преработка на маслодајни култури. Универзитет „Гоце Делчев” - Штип, Технолошко-технички факултет. ISBN 978-608-244-737-7

Full text not available from this repository. (Request a copy)

Abstract

Потребата за изработка на учебникот „Преработка на маслодајни култури“ е голема, пред
сè, за студентите на Технолошко-техничкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во
Штип кои према наставниот план го слушаат предметот „Преработка на маслодајни
култури“ во трета година на насоката за Прехранбена технологија за да може да добијат
знаења за најважните маслодајни култури и нивната преработка до растително масло за
јадење. Учебникот исто така, може да ги задоволи и потребите на сите студенти кои имаат
потреба од подетални знаења неопходни за развој на сите подрачја на Технологија на
масти и масла. Посебно ќе бидам задоволен ако колегите од индустријата на масло во овој
учебник најдат податоци и теоретски објаснувања кои можат да им послужат во
секојдневната пракса.
Во учебникот обработени се суровините за добивање на растителни масла, нивните
карактеристики како и чистење, сушење и складирање на семињата и технолошките
процеси на добивање на растителни масла за јадење. Познавањето на овие податоци
обезбедува добра припрема на суровините за преработка и успешно водење на
технолошките процеси. Проучување на технолошките процеси на добивање, рафинирање
и преработка на маслата за јадење не е можно без познавање на составот, хемиските и
физичките карактеристики и други податоци важни за квалитетот, одржливоста и
примената. Ако технологот ја познава оваа област, во можност е да одбере оптимални
услови во текот на поедини технолошки процеси, да спречи несакани промени и да
обезбеди висок квалитет на крајните производи. Исто така, се дава и краток преглед на
производството и потрошувачката на масти и масла и нивното место во исхраната, како би
се согледала важноста која се дава на количината и видот на масти кои треба секојдневно
да се земаат за да се обезбеди правилен развој и работа на организмот. Преку материјата
во овој учебник студентите ќе се запознаат не само со основните принципи и постапки на
преработка на маслодајните култури, одделно за секоја култура, туку и со начинот на
размислување, логиката и терминологијата во оваа област. Целта е студентите да стекнат
знаење за работа во индустриски услови во зависност од претходната обработка на
маслодајните култури, како и да научат да користат литература од оваа област.

Item Type: Book
Subjects: Engineering and Technology > Other engineering and technologies
Divisions: Faculty of Technology
Depositing User: Kiro Mojsov
Date Deposited: 03 Dec 2020 09:17
Last Modified: 03 Dec 2020 09:17
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/26841

Actions (login required)

View Item View Item