Dzogovic, Anela (2020) Фактори и можности за развој на градскиот туризам во западниот регион на Косово. PhD thesis, Univerzitet Goce Delcev - Stip.
Preview |
Text
ДОКТОРСКА ДИСЕРТАЦИЈА ОД М-Р АНЕЛА ЏОГОВИЌ ФАКТОРИ И МОЖНОСТИ ЗА РАЗВОЈ НА ГРАДСКИОТ ТУРИЗАМ ВО ЗАПАДНИОТ РЕГИОН НА КОСОВО.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Темата на докторската дисертација е поврзана со развојот на градскиот туризмот во Западниот Регион на Косово. Како што се подразбира од насловот „Фактори и можности за развој на градскиот туризам во Западниот Регион на Косово“ прво мора да се запознаеме со концептот на градскиот туризам кој ги вклучува сите форми на туризам, услуги поврзани со градските области кои вклучуваат туристички дестинации каде се случуваат разни културни настани, настани и спортски и рекреативни настани.
Развојот на туризмот во Западниот Регион на Косово, како и факторите и можностите за развој на градскиот туризам во овој регион се индивидуално објаснети во докторската дисертација, бидејќи во исто време тоа е и главната цел на овој научен труд. За туристите да бидат задоволни од туристичката дестинација, ние треба да ги задоволиме нивните потреби и да им дадеме најдобри услови за да се чувствуваат како дома. Градот Пеќ и другите градови во Западниот Регион на Косово имаат многу да понудат, па затоа треба да се промовираат најмногу. Важно е да се спомене дека и локалното население и туристите треба да бидат вклучени и дека тие се посредници помеѓу приватните компании и владата со цел да ги заштитат и зачуваат своите природни ресурси. Спроведувањето на стратегиите има за цел да создаде такви услови што ќе влијаат на одржливоста и користењето на природните ресурси и културното наследство, со што подобро ќе се промовира регионот. Користејќи ги методите што ги користевме во истражувањето, тие ни помогнаа да ги процесираме статистиките добиени од теренот.
Сите овие податоци се добиени од анкетирани лица кои работат во туристички институции, како што се: хотели, ресторани, туристички агенции, Завод за статистика на Косово, како и експерти од оваа област.
Целта на ова истражување е дека врз основа на добиените резултати дојдовме до заклучок дека туристичката понуда на Западниот Регион е развиена и привлечна за туристите, како и дека тие се задоволни од квалитетот на услугите што ги даваат, дека инфраструктурата треба да се подобри и дека во иднина треба да имаме повеќе инвеститори од развиените земји. Дека со помош на одржување на разни настани (спортски, рекреативни и културни), прават посетите да се зголемат во градската средина. Применувајќи ја оваа стратегија, се посочува дека од шесте региони, Пеќ и Ѓаковица имаат најдобар потенцијал за развој на туризмот.
КЛУЧНИ ЗБОРОВИ: Градски туризам, Западен Регион на Косово, население, манифестации, стратегија, туристичка понуда, културно наследство.
Item Type: | Thesis (PhD) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Social and economic geography |
Divisions: | Faculty of Tourism and Business Logistics |
Depositing User: | Cane Koteski |
Date Deposited: | 30 Nov 2020 09:59 |
Last Modified: | 30 Nov 2020 09:59 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/26830 |
Actions (login required)
View Item |