Gjorgjiev, Lazar (2020) Повеќефазно моделирање на оруднувањето во боровдолскиот бакарен порфирски систем. PhD thesis, Факултет за притодни и технички науки, Универзитет "Гоце Делчев".
Preview |
Text
Doktorska teza Borov Dol_03.12.2020.pdf Download (13MB) | Preview |
Abstract
Во оваа докторска дисертација се изложени податоци од геолошка, геохемиска, геофизичка, структуролошка и металогенетска гледна точка како и специфичните особености на бакарното порфирско наоѓалиште Боров Дол.
Просторната позиција на оруднувањето во наоѓалиштето Боров Дол, е контролирана од раседните структури со правец на протегање СЗ-ЈИ и СИ-ЈЗ, кружно-елиптичните неогени структури (типични за структурите на вулканските
апарати) и субвулканско-вулканските формации на терциерниот магматизам од трахиандезитски до андезитски состав со апсолутна старост од 24,04 Ма до 24,51 Ма. Наоѓалиштето Боров Дол е дел од рудниот реон Бучим-Дамјан-Боров Дол кој јасно се проектира во рамките на дивергентниот Алпски ороген и продуктиваната металогенетска зона Леце-Халкидик.
Плутонитите и центрите на главните доводни канали за магматизмот и минерализацијата во наоѓалиштето Боров Дол се потврдени со геофизичките испитувања преку позитивно аномално геомагнетско поле, масивните рудни тела се потврдени со гравиметриски максимуми и намалениот геоелектричен отпор.
Ваквите сознанија во најголема мера коинцидираат и со главните аномални геохемиски зони кој во централните делови на наоѓалиштето изнесуваат и до 3 000 ppm Cu, 1 000 ppm Mo, 800 ppm Ag, 3 000 ppm Pb, 1 650 ppm Zn и 3 000 ppm Ba.
Дефинираноста на наоѓалиштето Боров Дол како порфирско наоѓалиште, главно минерализирано со познатата асоцијација Cu-Au-Mo-Ag-Pb-Zn и др., е овозможена од систематските проучувања и идентификација на типоморфните
промени (К-метасоматоза, серицитизација, силификација, аргилитизација, пропилитизација и др.) кои го даваат класичниот порфирски модел на промени, потоа минералната асоцијација претставена со главната кварц-пирит-
халкопиритова (промислена) парагенеза во наоѓалиштето која е основниот носител на бакар и злато и серија на бакарни сулфосоли од редот на тетредрит-тенантит, лузонит, путоранит и др., типоморфните штокверкни и штокверкно-импрегнациони оруднувања, појавата на оксидационо-цемнтационата зона и јасен преод кон примарната сулфидна минерализација, ниските концентрации на основните рудни метали (̴ 0,247 % Cu; 0,19 g/t Au; 1,34 g/t Ag; max. 140 g/t Mo; max. 0,29 % Pb; max. 0,22 % Zn) и друго. Варијациите на δ34S во рудните минерали од наоѓалиште Боров Дол се движеа од -7,52 ‰ до +5,40 ‰, додека изотопните вредности на δ13C‰ и δ18O‰ во
калцитите од наоѓалиштето Боров Дол се движеа од +6,65 до +21,72‰ и од -13,00 до +0,04 ‰, редоследно. Што се однесува до флуидните инклузии се потврди дека покрај доминантните двофазни инклузии на гас-течност постојат и трифазни флуидни инклузии (гас+течност+цврста фаза). Освен овие сознанија, изотопните соодноси на стронциум и неодиум во магматските карпи од рудниот реон Бучим-Дамјан-Боров Дол (87Sr/86Sr 0,706584–0,707406 и 143Nd/144Nd 0,512425–0,512497) укажуваат на мала контаминација на магматските примероци со материјал од
континенталната кора, што е последица на делумното растопување на длабоките делови на континенталната кора потиснати надолу при судирот на континенталните блокови. Во прилог на ова се и резултатите од REE анализите
кои покажуваат висока содржина на литофилни елементи со големи јони (LILE), сооднос на Ba/Nb (3,025-44,638), слабо присуство на елементи со висока моќност на поле (HFSE) и слаба негативна аномалија на еуропиум (0,60940-1,02028). Направена е и проценка на бакарната порфирска минерализација во Боров Дол преку тродимензионално моделирање на геологијата, раседните структури и
геохемиската распределба на елементите од интерес, за да се добие еден подобар увид на рудно-генетските процеси и истражувачкиот потенцијал.
Item Type: | Thesis (PhD) |
---|---|
Subjects: | Natural sciences > Earth and related environmental sciences |
Divisions: | Faculty of Natural and Technical Sciences |
Depositing User: | Todor Serafimovski |
Date Deposited: | 07 Dec 2020 14:38 |
Last Modified: | 07 Dec 2020 14:38 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/26829 |
Actions (login required)
View Item |