Јазична (не)писменост.

Nikolovska, Violeta (2020) Јазична (не)писменост. In: Македонскиот јазик - извор на филолошки и културолошки истражувања..

[thumbnail of mak-jazik-2019 (1).pdf]
Preview
Text
mak-jazik-2019 (1).pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Тема на излагањето ќе биде јазичната култура, и тоа кај една
одредена социјална група, која треба да биде носител на општествениот живот и
општествените промени – студентите, идните академски граѓани во нашата заедница.
Поимот јазична култура е еден од клучните поими во модерната социолингвистика,
поточно научната дисциплина јазична политика и јазично планирање. Преку овој поим
се определува реалниот статус на јазикот во една заедница. Според теоретичарите во
оваа област, централните елементи во градењето на јазичниот статус не се легалните
акти, туку тие имаат вонлингвистички карактер. Тоа се естетски, психолошки,
идеолошки фактори. Јазичната култура и односот на говорната заедница кон неа се
битен фактор во градењето на јазичниот статус. Предмет на анализа ќе биде
комуникацијата на студентите со професорот (и тоа првенствено писмената електронска
комуникација), значи употребата на стандардниот јазик во даден социјален контекст.
Сликата што ќе ја прикажеме ни го покажува степенот на култура на јазично
изразување кој се стекнува во нашето задолжително дофакултетско образование.
Импликациите од истражувањето се однесуваат на аспектите на градење на стратегија
во однос на употребата на стандардниот македонски јазик и јазичната политика.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Violeta Nikolovska
Date Deposited: 23 Nov 2020 09:23
Last Modified: 23 Nov 2020 09:23
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/26784

Actions (login required)

View Item View Item