Последователна студија за ефектите врз приватниот сектор - туризам и угостителство погоден од здравствено - економската криза предизвикана од пандемијата COVID-19 со препораки за справување со економските ефекти

Dzambazovski, Kristijan and Metodijeski, Dejan (2020) Последователна студија за ефектите врз приватниот сектор - туризам и угостителство погоден од здравствено - економската криза предизвикана од пандемијата COVID-19 со препораки за справување со економските ефекти. ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал, Скопје.

[thumbnail of Posledovatelna Studija Turizam i ugostitelstvo Covid19 MK.pdf]
Preview
Text
Posledovatelna Studija Turizam i ugostitelstvo Covid19 MK.pdf

Download (3MB) | Preview

Abstract

Првичната студија за ефектите врз секторот туризам и угостителство кој е погоден од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19 беше изготвена во мај 2020 година. Целта на оваа студија беше да се спроведе истражување за ефектите врз секторот туризам и угостителство кој е погоден од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19 и да се дадат препораки за справување со негативните ефекти. Истата беше базирана на истражување спроведено врз 93 испитаници преку анкетни прашалници и интервјуа на компании од секторот туризам и угостителство. За постигнување на целта на студијата, направена беше анализа на секторот туризам и угостителство во земјата, беа спроведени истражувања за меѓународните искуства поврзани со справување со оваа криза како и мерките кои се преземени во земјата, а се однесуваат на секторот туризам и угостителство. Во студијата, на основа на спроведените истражувања (анкети и интервјуа) беа дадени препораки – краткорочни и долгорочни мерки за справување со COVID-19 кризата.
Главната цел на последаователната студија е да се направи анализа на продолженото влијание на здравствено-економската криза предизвикана од корона вирусот (COVID-19) врз туристичко-угостителскиот сектор, како и да се изврши споредба со претходно изработена Студија за ефектите врз приватниот сектор од туризам и угостителство погоден од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19. За постигнување на целта на студијата, направена беше анализа на секторот туризам и угостителство во земјата, беа спроведени истражувања во однос на нивото на ефективноста на досега превземените мерки од страна на државата кои а се однесуваат на секторот туризам и угостителство односно анализа на ефикасноста на државните мерки за помош на економијата усвоени од македонската Влада во 3 (три) сетови на економски мерки, напавена е проценка на број на вработени лица кои ги изгубиле своите работни места како последица на корона кризата од моментот на изготвување на претходната студија и споредба, односно утврдување на промена со податоците од претходно изработената студија, како и проценка на загубите од моментот на изготвување на претходната студија за ефектите врз приватниот сектор од туризам и угостителство погоден од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19;
Во студијата, на основа на спроведените истражувања (анкети и интервјуа) препораките се прилагодени на развојот на ситуацијата според сценариото по кое се одвива текот на здравствено-економската криза предизвикана од пандемијата со COVID 19.

Item Type: Other
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Dejan Metodijeski
Date Deposited: 23 Nov 2020 08:06
Last Modified: 23 Nov 2020 08:06
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/26768

Actions (login required)

View Item View Item