Потребата од ИТ експерти при спроведување на процесот на ревизија на финансиски извештаи

Arapova, Marija and Dimitrova, Janka (2020) Потребата од ИТ експерти при спроведување на процесот на ревизија на финансиски извештаи. Yearbook, Faculty of Economics, Goce Delcev University - Stip, 18. pp. 103-113. ISSN 1857- 7628

[thumbnail of Потребата од ИТ експерти при спроведување на процесот на ревизија на финансиски извештаи.pdf]
Preview
Text
Потребата од ИТ експерти при спроведување на процесот на ревизија на финансиски извештаи.pdf

Download (5MB) | Preview
[thumbnail of ПОТРЕБАТА ОД ИТ ЕКСПЕРТ ПРИ СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПРОЦЕСОТ НА РЕВИЗИЈА НА ФИНАНИСКИТЕ ИЗВЕШТАИ.pdf]
Preview
Text
ПОТРЕБАТА ОД ИТ ЕКСПЕРТ ПРИ СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПРОЦЕСОТ НА РЕВИЗИЈА НА ФИНАНИСКИТЕ ИЗВЕШТАИ.pdf

Download (804kB) | Preview

Abstract

Со забрзувањето на научно – технолошкиот напредок и глобализацијата, светскиот политички и економски развој претрпе големи промени. Со цел да се подобри ревизијата, претпријатијата треба да ја применуваат националната регулатива, a екпертите да применуваат креативни алатки и методологии за решавање на проблемите и извршување на ревизијата.
За да се разберат одделните активности на ентитетот кај кој се врши ревизија, ревизорот мора да располага со знаења од информатичката технологија, односно од нејзина примена во процесот на обработка на сметководствените податоци. Тој треба да ги разбира и проучува табеларно претставените податоци, графиконите и дијаграмите кои се креираат, целата организација на конкретната компјутерска обработка, и да поседува неопходно знаење за вградениот систем на интерни контроли. За контролните апликации се користат одделни програми што се изработени од страна на ревизорот. Со овие програми се проверуват резултатите од обработката на податоците и нивната веродостојност. Доколку вградените контролни механизми се сигурни, тогаш и обработените резултати што ќе се добијат ќе бидат точни.
Клучни зборови: ИТ експерти, ревизија, финансиски извештаи, контролни техники, аналитички постапки

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Janka Dimitrova
Date Deposited: 17 Nov 2020 08:55
Last Modified: 17 Nov 2020 08:55
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/26758

Actions (login required)

View Item View Item