Ignjatov, Ivan (2015) Улогата на внатрешната ревизија како алатка на врвното раководство. Asocijacija za korporativna bezbednost. ISSN CIP 3(062) ISBN 978-608-65953-0-2 COBISS.MK-ID 100887562
Preview |
Text
Улогата на внатрешната ревизија како алатка на врвното раководство.pdf Download (486kB) | Preview |
Abstract
Внатрешната ревизија претставува независна проценка за мерење и оценување на ефикасноста на воспоставениот системот на внатрешна контрола кај деловниот субјект. Внатрешна ревизија ја има клучната функција на известување на повисокото раководство за функционирањето на системите за управување и контрола, дава соодветни препораки за начините за подобрување.
Целта на внатрешната ревизија е да обезбеди дополнително уверување на владата, ресорниот министер, раководителот и раководството на субјектот од јавниот сектор дека спроведувањето на механизмите за управување и контрола е соодветно, економични и усогласено со општо прифатените стандарди и националното законодавство. Внатрешната ревизија му обезбедува на раководителот на субјектот можност за анализи, препораки, совети и информации за прегледаните активности.
Ревизорското мислење/заклучок ја потврдува веродостојноста на финансиските извештаи како и ефективното функционирање на воспоставениот систем за управување и контрола. Притоа треба да се истакне одговорноста на менаџментот кој раководи со субјектот предмет на ревизија, како и одговорноста на ревизорите кои ја спроведуваат ревизијата.
Одговорностите на менаџментот се од аспект на веродостојност на податоците и информациите приложени во сметководствените извештаи како и воспоставување на соодветен систем на интерни контроли и воспоставување на соодветни внатрешни процедури за тековно следење на процесите за управување и контрола и давање на навремени повратни врски во случај на утврдени слабости на системот.
Одговорноста на ревизорите е да дадат независно и компетентно ревизорско мислење за веродостојноста на сметководствените информации кои се приложени во сметководствените извештаи од аспект на наменско и законско користење на средствата, како и да дадат мислење за ефективното функционирање на воспоставениот систем за управување и контрола.
Внатрешната ревизија треба да се спроведува во сите организациони единици и на сите нивоа на субјектот и ги опфаќа сите средства на деловниот субјект.
Со цел задржување на високото ниво на стручност и компетентност во работењето, внатрешните ревизори е потребно да имаат воспоставено систем на континуирана едукација.
A P S T R A C T
Internal audit is an independent assessment to measure and evaluate the effectiveness of the established system of internal control of the business entity. Internal аudit has a key function of reporting to senior management on the functioning of the management and control and provides recommendations on ways to improve functioning.
The purpose of internal audit is to provide additional assurance to the Government, the relevant minister, and head of the management of the public sector that the established system of internal controls are functioning effectively in line with generally accepted standards and national legislation. Internal audit provides the head of the entity with capacity to prepare analyzes, recommendations, advices and information concerning the activities reviewed.
Audit opinion / conclusion confirms the reliability of financial reporting and the effective functioning of the established system of management and control. It should emphasize the responsibility of management in charge of the audited entity, and the responsibility of the auditors who conducted the audit.
The responsibilities of management in respect of the reliability of data and information given in the accounts and the establishment of an adequate system of internal controls and establish appropriate internal procedures for continuous monitoring of management processes and control and providing timely feedback to the identified weaknesses of the system.
The responsibility of the auditors is to provide independent and competent auditor's opinion on the reliability of accounting information given in the accounts in terms of the legal and intended use of funds, and to give an opinion on the effective functioning of the established system of management and control.
Internal audit should be conducted in all organizational units and at all levels of the organization and covers all assets of the business entity.
In order to maintain the high level of professionalism and competence in their work, internal auditors need to have established a system of continuous education.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Ivan Ignjatov |
Date Deposited: | 09 Nov 2020 09:21 |
Last Modified: | 09 Nov 2020 09:21 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/26704 |
Actions (login required)
View Item |