Карактеристики, можности и предизвици за користење на европските фондови преку инструментот за претпристапна помош (ИПА)

Ignjatov, Ivan (2019) Карактеристики, можности и предизвици за користење на европските фондови преку инструментот за претпристапна помош (ИПА). Македонско здружение за маркетинг „Маркетинг“ – Скопје. ISSN 1857-9787

[thumbnail of IPA.pdf]
Preview
Text
IPA.pdf

Download (364kB) | Preview

Abstract

Секоја земја корисничка е должна да воспостави соодветен систем за користење и апсорпција на средствата од европските фондови, но еден од најважните предуслови за отпочнување на користењето на фондовите е воспоставување на соодветен систем за ревизија и контрола. Системот за ревизија и контрола се состои од две нивоа, и тоа: На национално ниво, и на европско ниво.
Системот за ревизија и контрола на национално ниво се состои од воспоставување на соодветен контролен механизам во земјата корисник на европските фондови со цел наменско и законско искористување на средставата од Европската унија, како и верификација на ефективното функционирање на воспоставениот систем за менаџмент и контрола и веродостојност на финансиските информации кои се доставуваат до Европската Комисија.

Имајки во предвид комплексноста на правилата и процедурите за користење на Европските фондови во периодот 2007 - 2013, кои се имплеметирани во регулативите на Советот на Европа и Европската Комисија како и ратификуваните спогодби со земјите кориснички, со овој труд се настојува подедално да се објасни суштината на самиот процес, значењето и улогата на сите структури и тела кои се вклучени во системот на имплементација и следењето на резултатите од искористеноста на фондовите, како и потребата од воспоставување на соодветен систем за ревизија и контрола на имплементацијата и користењето на европските фондови во периодот 2007 – 2013, што ке претставува база за понатамошно усвршување на контролниот механизам за наредниот програмирачки период 2014 – 2020 година.

Клучни зборови: европски фондови, ревизија, контрола, регулативи, средства

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Ivan Ignjatov
Date Deposited: 17 Nov 2020 08:35
Last Modified: 17 Nov 2020 08:35
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/26703

Actions (login required)

View Item View Item