Ignjatov, Ivan (2015) Брзиот технолошки развој и ревизијата на можните измами. Македонско меѓународно здружение за маркетинг. ISSN 1857-9787
Preview |
Text
Брзиот технолошки развој и ревизијата на можни измами.pdf Download (438kB) | Preview |
Abstract
Со брзиот технолошки развој и потребата од глобализација на пазарите, се почести се случаевите на можни измами од страна на деловните субјекти кои настапуваат на меѓународните пазари. Како резултат на големиот број на измами кои се направени, се губат големи монетарни износи во сите видови на бизнис. Притоа, редовно се спроведуваат истражувања кои се направени во обид да се процени вистинскиот обем и трошокот на измамата за бизнисот и општеството.
Измама претставува прибавување неоправдани или незаконски финансиски корисности, проследено со намерно погрешно т.е. неточно прикажување на податоците или изоставување, односно необјавување на точните податоци во сметководствената евиденција на претпријатието или во финансиските извештаи.
Грешка е ненамерно погрешно прикажување или неискажување на податоци или износи во сметководството на претпријатието или во финансиските извештаи. Големите грешки ги коригира обично самиот клиент кај кого се спроведува ревизијата, кога тие ќе се утврдат, а во случај кога откриената материјална грешка не се исправа, тогаш таа станува неправилност или ненамерната постапка се претвора во намерна.
Од горенаведеното можеме да заклучиме дека секоја измама е грешка, но не секоја грешка е измама.
Ревизијата на можните измами е од големо значење како превентивен и корективен фактор кој ги заштитува интересите на деловните субјекти од појавата на големи нерегуларности и можни измами при работењето. Судска ревизија (Forensic Audit) се занимава со активности насочени кон откривање или превенција од измами или други нелегални активности,интегрирани во финансиските извештаи на ревидираниот деловен субјект
Финасиските измами претставуваат криминално дело кои можат да се дефинираат како намерни акти на измама кои вклучуваат финансиски трансакции, поради остварување на лична придобивка. Финансиската измама се класифицира како криминално дело и потпаѓа под граѓанските кривични закони, во рамките на општественото уредување.
Клучни зборови: измама, грешка, судска ревизија, финансиски извештаи, трансакции, нерегуларности.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Ivan Ignjatov |
Date Deposited: | 26 Nov 2020 08:49 |
Last Modified: | 26 Nov 2020 08:49 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/26702 |
Actions (login required)
View Item |