Andreevski, Aleksandar (2020) Влијанието на различни прехрамбени продукти врз колоритот на комозитните реставрации-in vitro евалуација. PhD thesis, University Goce Delcev, Stip.
Preview |
Text
Александар Андреевски Докторски труд.pdf Download (3MB) | Preview |
Abstract
Цел и задачи: Целта на докторскиот труд ни беше да направиме проценка на
влијанието на различните прехранбени продукти врз постојаноста на бојата на
композитните реставрации, во in vitro услови. Како предмет на испитување ни
бише да се направи анализа и проценка кои композитни смоли се најподложни
на промената на бојата во симулирани услови од усната шуплина, односно дали
полирањето на површината на композитните смоли има улога во промената на
естетиката на истите.
Како посебни задачи во дисертацијата беше евалуирана можноста на
дисколорацијата на различните композитни смоли – нано, хибридни и
микрохибридни, односно да се процени релацијата помеѓу пребојувањето и
хемиската структура на композитите. Воедно да се одреди влијанието на
различните напитоци врз промената на бојата на естетските реставрации и да
се процени дали температурата на пијалаците има влијание на промената на
бојата.
Метод и материјали: За реализација на експерименталната процедура во
докторската дисертација беа користени три различни композитни смоли со
високи естетски пеформанси. Вкупно беа изработени 90 дискови, по 30 дискови
од трите композитни смоли, микрохибридна, нано и нанохибридна, со нијансата
А2. Употребените материјали беа изработени во форма на дискови во претходно
изработен модел, групирани според тип на композит и завршна обработка.
Тестирани потенцијални пребојувачи беа потопувани во кафе, чај од аронија,
Кока-кола, црвено вино и дестилирана вода како контролна група. Примероците
се потопуваа два пати дневно во период од 14 денови, додека во останатиот
период од денот се чуваа во вештачка салива. Измените се пратеа со помош на
спектрофотометар X – RITE Model RM200. Базично мерење се направи после
хидратациониот период од 24 часа и пред првото потопување на дисковите.
Контролно мерење беше направено на седмиот ден и дефинитивното мерење
после периодот на тестирање, односно на четиринаесеттиот ден. Добиените
резултати се анализирани според CIE Lab-системот за промена на боја. Базата
на податоци е анализирана со статистичките програми STATISTICA 7.1 и SPSS
for Windows ver. 20, преку one way ANOVA, post-hoc Bonferroni и t-test for
dependent samples. За споредување на параметрите помеѓу временските точки
во трите композитни смоли беа користени беа користени непараметарски и
парметарски тестови за зависни примероци (Student – т test и Wilcoxon mathed
pairs test).
Резултати: Резултатите покажаа дисколорација кај трите типови на
реставративни композитни смоли од даденото истражување со тоа што
најголемо пребојување имаше кај нанокомпозитната (ΔЕ=19.78), помало
пребојување имаше кај нанохибридната смола (ΔЕ=14.38), и најмало
пребојување имаше кај микрохибридната композитна смола (Δ=12.82).
Највисоките вредности на пребојување кај сите смоли беа забележани од чајот
(ΔЕ=24.89), следен од кафето (ΔЕ=20.23) и виното (ΔЕ=14.88). Најмало
пребојување беше забележано од страна на Кока-кола со вредност од ΔЕ=2.64,
и претставува единствен тестиран колорант кој не го надминува клинички
прифатливиот праг на толеранција за ΔЕ од 3.3, додека сите останати колоранти
значително го надминуваат. Најголемо поединечно пречекорување на прагот на
клиничка толеранција се забележа од страна на чајот врз нанокомпозитната
смола Artiste со вредност од ΔЕ=32,88 ± 8,4.
Заклучок : Во рамките со ограничувањата на оваа in vitro студија од добиените
резултати заклучивме дека сите испитувани материјали без разлика на
хемиската структура беа подложни на пребојување. Земајќи ги во предвид
употребените напитоци во оваа студија како најголем пребојувач кај трите
композитни материјали беше евидентиран чајот од аронија. Во пребојувањето
на дисковите значајна улога имаше и завршната обработка на композитните
смоли.
Клучни зборови: композитни смоли, пребојување, пребојувачи,
спектрофотометар
Item Type: | Thesis (PhD) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Clinical medicine |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Ivona Kovacevska |
Date Deposited: | 21 Oct 2020 07:13 |
Last Modified: | 21 Oct 2020 07:13 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/26664 |
Actions (login required)
View Item |