Фразеологизмите од бајките во наставата по странски јазик

Kuzmanovska, Dragana and Kirova, Snezana and Ristov, Lidija (2020) Фразеологизмите од бајките во наставата по странски јазик. Годишен зборник на Факултетот за образовни науки. pp. 75-82. ISSN 1409-9187

[thumbnail of Фразеологизмите од бајките во наставата по странски јазик.pdf]
Preview
Text
Фразеологизмите од бајките во наставата по странски јазик.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

„Ако сакаш интелигентни деца, читај им бајки. Ако, пак сакаш
поинтелигентни деца тогаш читај им уште повеќе бајки.“ рекол Алберт Ајнштајн.
Со оваа Ајнштајнова мисла го започнуваме нашиот труд затоа што токму таа, на
еден концизен начин ја пренесува моќната порака која е присутна во секоја една бајка,
било таа да е на мајчиниот македонски јазик или пак, на германски, на англиски или на
некој друг странски јазик. Мудриот човек, вели Ајнштајн, го учи своето дете за животот
со поучните пораки претставени преку бајките. Значи, секој човек уште од најмала
возраст се среќава со бајките и на еден интересен и сликовит начин го осознава животот
и најчесто преку употребата на фразеологизам со кој изобилува секоја бајка, а токму
тој, фразеологизмот е целта на нашето истражување.
На сите нам добро ни се познати бајките на браќата Грим-самовили, џуџиња,
животни што зборуваат, принцези... па така може да се каже дека бајките се
интерпретираат на ист начин во повеќето култури и јазици.Затоа бајките се погодни за
полесно изучување на странски јазик.
Бајките имаат за цел да го привлечат вниманието на учениците и токму тоа е главната алатка која ја користиме ние како наставници лингвисти да ги соочиме учениците со фразеологизмите со цел за полесно и поприфатливоусвојување на странскиот јазик. Значи преку сликовитоста или метафората на фразеологизмите се обидуваме да го олесни усвојувањето на странскиот јазик на еден пософистициран,полесен и секако поинтересен начин.
Трудот има за цел пред сѐ да го истакне високиот степен на конотативен и креативен потенцијал на фразеологизмите. Условени од нивните специфични обележја и својства фразеологизмите имаат способност да ја пренесат пораката на самата бајка до учениците во образовниот процес. Како лексикализирани, репродуктивни и
стабилни единици од една страна, и како полилексикални и идиоматични единици од друга страна,тие обезбедуваат широка разбирливост, што всушност е главна цел при
изучување на странски јазик.

Item Type: Article
Uncontrolled Keywords: Клучни зборови: бајки, фразеологизми, странски јазик
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Dragana Kuzmanovska
Date Deposited: 15 Oct 2020 11:29
Last Modified: 15 Oct 2020 11:29
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/26659

Actions (login required)

View Item View Item