Ургентни состојби во стоматолошката пракса – управување и превенција

Dimova, Cena (2020) Ургентни состојби во стоматолошката пракса – управување и превенција. In: Ургентни состојби во дентална медицина - IX Научен Симпозиум со меѓународно учество, 10 Oct 2020, Stip, Macedonia.

[thumbnail of Димова Цена 10.10.2020.pdf]
Preview
Slideshow
Димова Цена 10.10.2020.pdf - Presentation

Download (4MB) | Preview
[thumbnail of Urgentni sostojbi  - Simpozium 10.10.2020.pdf]
Preview
Text
Urgentni sostojbi - Simpozium 10.10.2020.pdf - Published Version

Download (139kB) | Preview
[thumbnail of ImageMagick conversion from image to application/pdf]
Preview
Text (ImageMagick conversion from image to application/pdf)
programa Simpozium FMN 2020.pdf

Download (165kB) | Preview

Abstract

Во секојдневната стоматолошка пракса иако поретко, сепак се случуваат ургентни состојби коишто секој стоматолог и специјалист треба да ги препознае, идентификува и да управува со потенцијално загрозувачка ситуација.
Навременото препознавање и ефикасното управување со итните случаи од страна на стоматологот треба да резултира со задоволителен исход. Крајната и основна цел во управувањето со сите итни случаи е зачувување на животот. Главниот и основен услов за управување со ургентната состојба е одржување на соодветна позиција (П), прооднос на дишните патишта (А), дишењето (Б), циркулацијата (Ц) и дефинитивниот третман (Д). Целта на овој труд е да се обезбеди преглед за вообичаените медицински и стоматолошки итни случаи како што се: синкопа, опструкција на дишни патишта, анафилактична реација, токсична реакција од локалниот анестетик, асматичен напад, градна болка, епилептични напади, и крвавење.
Во стоматолошката пракса можни се различни компликации (аспирација или голтање на делови од протеза, заб, дел од заб, корен, лек или ситен инструментариум). Компликациите може да бидат непосредни или одложени, и се поврзани со нивото на толеранција на пациентот, користените материјали и процедурите за лекување.
Секако, при управувањето на ургентните состојби најдобриот третман вклучува превенцијата на истите. Оттука, од најголемо значење е стоматологот да биде подготвен за итен случај и да се верува и очекува дека итните случаи се реална можност во стоматолошката клиника. Подготовката за вонредни ургентни состојби вклучува лична и персонална подготовка, а тоа вклучува длабоко познавање на знаците, симптомите и управување со итни случаи, мерки за основна поддршка на живот (BLS basic life support measures) и кардиопулмонална реанимација (CPR cardiopulmonary resuscitation). Подготовка на ординацијата вклучува одржување на итна опрема, лекови за итни случаи и додатна медицинска помош.

In everyday dental practice, though rarely, emergencies occur that every dentist and specialist needs to identify and manage a potentially life-threatening situation.
Prompt recognition and effective emergency management by the dentist should result in a satisfactory outcome. The ultimate and basic goal in managing all emergencies is to save lives. The main and basic requirement for emergency management is maintaining proper position (P), airway passage (A), breathing (B), circulation (C) and definitive treatment (D). The purpose of this study is to provide an overview of common medical and dental emergencies such as: syncope, airway obstruction, anaphylactic reaction, toxic local anesthetic reaction, asthmatic attack, chest pain, epileptic seizures, and bleeding.
In dental practice, various complications (aspiration or ingestion of parts of the prosthesis, tooth, part of the tooth, root, cure or small instrumentation) may occur. Complications can be immediate or delayed, and are related to the patient's level of tolerance, the materials used, and the treatment procedures.
Of course, in the management of emergencies the best treatment involves prevention. Therefore, it is of the utmost importance for the dentist to be prepared for an emergency and to believe and expect that emergency cases are a real possibility at the dental office. Emergency preparedness includes individual and personal training, which includes in-depth knowledge of the signs, symptoms and emergency management, BLS - basic life support measures and cardiopulmonary resuscitation-CPR. The preparation of the dental practice involves the maintenance of emergency equipment, emergency medications and additional medical assistance.

Item Type: Conference or Workshop Item (Lecture)
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Medical and Health Sciences > Health sciences
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Cena Dimova
Date Deposited: 14 Oct 2020 08:15
Last Modified: 14 Oct 2020 08:15
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/26652

Actions (login required)

View Item View Item