Право на посвоените деца да го знаат своето биолошко потекло и идентитетот на своите родители

Andonovski, Jovan and Stefanoski, Ljubisa (2017) Право на посвоените деца да го знаат своето биолошко потекло и идентитетот на своите родители. Четврта меѓународна научна конференција „Општествените промени во глобалниот свет“, 4. pp. 303-325. ISSN ISBN 978-608-244-423-9

[thumbnail of scgw-2017.pdf]
Preview
Text
scgw-2017.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Посвојувањето претставува значаен институт во семејно-правната
регулатива. Уште од периодот пред кодификација на семејното
законодавство во Република Македонија и донесување на Законот
за семејство во 1992 година, па се до денес институтот посвојување
како правен, општествен и социјален феномен беше една од темите
за која се водеа бројни дискусии и јавни расправи во насока на
подобрување на регулативата и остварување и афирмација на
посебниот интерес на посвоеникот. За жал, и покрај бројните напори
кои резултираа со бројни измени и дополнувања на Законот,
концепциски, посвојувањето по својата содржина остана
непроменето, а измените наместо суштински повеќе беа од
технички карактер во насока на дополнување на недоречености и
правни празнини. Релевантен показател за тоа е фактот што и покрај
сите напори, институтот посвојување се уште не е во целост
усогласен со Европската конвенција за заштита на човековите
права, Меѓународната конвенција за правата на детето и Европската
конвенција за посвојување на деца. Отсуството на усогласеност на
македонското законодавство со меѓународните конвенции и
примена на добрата пракса во областа на посвојувањето, неспорно
ги доведува во прашање психолошко-социјалните аспекти на заштитата на личноста и најдобриот интерес на детето, што е
евидентно особено во отсуство на правна можност посвоените деца
да го знаат своето биолошко потекло и идентитетот на своите
родители.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Jovan Andonovski
Date Deposited: 07 Oct 2020 08:19
Last Modified: 07 Oct 2020 10:30
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/26626

Actions (login required)

View Item View Item