Kuzmanova, Stanislava (2020) Регрутирањето на кандидатите за вработување со посебен осврт на производствената и непроизводствената дејност во Општина Штип. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.
Preview |
Text
лекториран магистерски труд - С.К..pdf Download (2MB) | Preview |
Abstract
Апстракт
Правилното регрутирање на кандидатите упатува на регрутирање на
квалитетни кадри кои ќе бидат основни фактори за успешното работење на
организацискиот систем.
Со оглед на тоа дека добриот работник е редок, вреден, тешко може да се
пронајде и тешко да се замени, организациите треба да изнајдат методи што
подобро го привлекуваат овој тип на работници за да ги пополнат работните
места. Вработувањето е начин на пополнување на слободните работни места во
една организација по пат на регрутирање.
Значи, регрутирањето е процес на пронаоѓање и ангажирање на најдобри
квалификувани кандидати. Односно, регрутирањето е збир на оние активности
за управување кои имаат за цел привлекување, развој и одржување на ефикасен
персонал во компанијата. Ова е постигнато преку низа индивидуални активности
што се однесуваат на планирање, регрутирање, селекција, проценка на
успешноста, обука и развој и вработување.
Во трудот, преку теоретско елаборирање, табеларни и графички прегледи
и соодветни пресметки, се прикажани резултатите од направеното истражување
за процесот на регрутирање, спроведено во повеќе претпријатија, кои
покажуваат дека не се користат адекватни критериуми при регрутирањето и не
се спроведува сеопфатна регрутација.
Клучни зборови: кадри, привлекување, менаџмент, конкурентска
способност, перформанси, резултати.
Item Type: | Thesis (Masters) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Katerina Hadzi-Vasileva |
Date Deposited: | 07 Oct 2020 08:42 |
Last Modified: | 07 Oct 2020 08:42 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/26605 |
Actions (login required)
View Item |