Stojanovska, Elena (2020) Влијанието на културата врз креирањето и извршувањето на менаџмент стратегијата во претпријатијата. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.
Preview |
Text
Lekt. (cist)_Magisterska cela Elena Stojanovska Koregirana so LITERATURA-05.08.2020-Finalna -za plagijat-converted.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
По појавата на поимот стратегија на почетокот на педесеттите и
шеесеттите години од 20 век, како дисциплина почна да се развива
стратегискиот менаџмент. Како релативно нова научна дисциплина, основна
цел на стратегискиот менаџмент е да ѝ овозможи на организацијата
рационално и навремено да реагира на сите промени што доаѓаат од
окружувањето.
Денес, во услови кога сè се менува со голема брзина и кога промените се
непредвидливи, стратегискиот менаџмент е неопходен.
Во ова динамично време, кога организацијата се соочува со многу
предизвици што доаѓаат од надворешните и внатрешните фактори на промени,
стратегискиот пристап на менаџментот овозможува организацијата да опстои,
да се оспособи и да презема акција за избегнување на замките што доаѓаат од
окружувањето на организацијата. Поточно, стратегискиот менаџмент е процес
што ѝ овозможува на организацијата да ги насочи активностите кон
реализација на нејзината стратегија.
Стратегискиот менаџмент им овозможува на менаџерите да преземаат
акција или иницијатива во која се вклучени и користењето средства за
подобрување на организацијата и полесно постигнување на поставените цели
и задачи.
Тоа подразбира дека менаџерите можат да одредат визија, мисија и
цели, планови и стратегии за развој, доделување ресурси сè со цел
постигнување на поставените цели на организацијата.
Клучни зборови: организација, стратегиски менаџмент, стратегија
Item Type: | Thesis (Masters) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Katerina Hadzi-Vasileva |
Date Deposited: | 07 Oct 2020 08:42 |
Last Modified: | 07 Oct 2020 08:42 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/26604 |
Actions (login required)
View Item |