Doneva, Antica (2020) Финансиската анализа и управувањето со кредитниот ризик во банките. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.
Preview |
Text
L. Magisterski trud. Antica Doneva.pdf Download (2MB) | Preview |
Abstract
За да се избегне ризикот во работењето на банките, или барем да се доведе во
прифатливи граници, потребно е ефикасно да се анализира и управува со него.
Ефикасната финансиска анализа на работењето на една компанија, која се
јавува како кредитобарател, треба да укаже на клучните точки и процеси во кои
настанува кредитниот ризик во работењето на банките. На ризик може да
бидат изложени сите делови од работењето на банките, и тоа на директна и
индиректна изложеност, како одговорност на трети лица, изложеност на
пазарот и друга изложеност.
Управувањето со ризикот претставува дел од политиката на работа на банката,
а во согласност со тоа може да се дефинира и како определена функција за
осигурување - обезбедување од ризикот.
Сите фактори кои влијаат на појавата на ризикот се истражуваат во процесот
на финансиската анализа, односно анализата на финансиската состојба и
успешност на компаниите кредитобаратели. Целта на анализата е опишување
и мерење на неизвесноста на конкретна кредитна активност. Финансиската
анализа опфаќа испитување на работењето на компанијата во минатото и во
сегашноста, како би се добиле што подобри предвидувања за идното работење
и за способноста на компаниите за редовно сервисирање на долговите кон
банките
Item Type: | Thesis (Masters) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Katerina Hadzi-Vasileva |
Date Deposited: | 06 Oct 2020 10:48 |
Last Modified: | 06 Oct 2020 10:48 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/26602 |
Actions (login required)
View Item |