Stojanova, Aleksandra (2020) Систем за амбиентално помогнато живеење и континуирано следење на биофизиолошки параметри. PhD thesis, Goce Delcev University of Shtip.
Preview |
Text (DOCTORAL THESIS )
System for ambient assisted living and continuous monitoring of biophysiological parameters kon.pdf - Submitted Version Download (4MB) | Preview |
Preview |
Text (авторезиме кон докторскиот труд)
avtorezime.pdf - Submitted Version Download (1MB) | Preview |
Abstract
Биофизилошките параметри кои континуирано можат да се следат со сензори, можат да дадат јасна слика за општата здравствена состојба на човекот во кој било момент. Таквите биофизолошки параметри се: електрокардиограм (ЕКГ), брзината на срцеви отчукувања (heart rate-HR), крвен притисок (blood pressure-BP), брзината на дишење (respiration rate-RR), крвна сатурација со кислород (Blood Oxygen Saturation-SpO2), шеќер во крвта, потење на кожата, телесна температура и други. Oд биофизиолошките параметри кои можат континуирано да се следат со помош на сензори, најпредизвикувачки е крвниот притисок, чие континуирано следење сè уште е во фаза на истражување. За неговото следење се потребни дополнителни сигнали преку кои може да се процени неговата вредност.
Висок или низок крвен притисок или неговите брзи флуктуации можат да бидат поврзани со разни болести или состојби. Во денешно време, високиот крвен притисок е еден од најчестите здравствени проблеми во светот. Високиот крвен притисок може да претходи на сериозни срцеви заболувања, мозочен удар и на откажување на бубрезите. Точното мерење на крвниот притисок е од витално значење за дијагностицирање, превенција и третман на овие болести. Крвниот притисок обично се мери во болниците, како дел од вообичаена медицинска рутина.
Сепак, постои зголемена побарувачка за методологии, системи, како и точни и ненаметливи уреди што ќе овозможат континуирано мерење на крвниот притисок и мониторинг на широк спектар на пациенти, овозможувајќи им да ги извршуваат своите дневни активности без никакви нарушувања. Технолошките достигнувања во последната деценија создадоа можности за употреба на разни методологии и уреди како дел од амбиентално живеење за подобрување на квалитетот на животот на луѓето во нивната природна средина.
Во овој докторски труд е развиен систем со иновативна архитектура за континуирано следење на биофизиолошките параметри, посебно на крвниот притисок за навремено алармирање при некои брзи промени и преку тоа да се обезбеди навремена и соодветна реакција, избегнување и спречување на некои сериозни ситуации кои можат да бидат со катастрофални исходи.
Овој докторски труд предлага архитектура во која податоците се пред-процесираат во мрежните уреди на рабовите од мрежата и на тој начин ја подобруваат ефикасноста и перформансите на самиот систем, истовремено намалувајќи го мрежниот сообраќај и латентноста.
Системот е составен од сензори за собирање на податоци кои лесно можат да се носат и да не пречат во секојдневните рутини, истовремено е направена имплементација на алгоритми базирани на вештачка интелигенција, за обработка на сигнали, за да се направи деривација на потребните биофизиолошки параметри во реално време. На тој начин може да се овозможи и брза интервенција кога е потребно.
Item Type: | Thesis (PhD) |
---|---|
Subjects: | Natural sciences > Computer and information sciences Engineering and Technology > Electrical engineering, electronic engineering, information engineering |
Divisions: | Faculty of Computer Science |
Depositing User: | Aleksandra Stojanova |
Date Deposited: | 03 Sep 2020 09:37 |
Last Modified: | 15 Sep 2020 07:33 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/24415 |
Actions (login required)
View Item |